Electrolux EOB68713X User Manual Page 40

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 76
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 39
пареа. Има ризик од изгореници на
кожата.
За да го заштитите енамелот од
оштетување или губење на бојата:
не ставајте било какви предмети
дирекно на апаратот и не покривајте
го со алуминиумска фолија;
не ставајте врела вода дирекно во
апаратот;
не чувајте влажни чинии или храна
во апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
Губењето на бојата на енамелот нема
никаков ефект на работата на
апаратот
Не го употребувајте апаратот ако е во
допир со вода. Не работете со
апаратот со влажни раце.
Не притискајте на вратата.
Кога готвите секогаш затворете ја
вратата, дури и за време на печењето
на скара.
Нега и чистење
Пред одржување, исклучете го
апаратот и извлечете го штекерот од
приклучокот за струја.
Пред одржувањето, проверете дали
апаратот е изладен. Постои опасност
од изгореници. Постои опасност од
кршење на стаклените плочи.
Одржувајте го апаратот постојано
чист. Наталожените маснотии или
други остатоци од храна може да
предизвикаат пожар.
Редовното чистење го спречува
оштетувањето на површинските
материјали
Заради ваша лична безбедност и
безбедноста на вашиот имот, чистете
го апаратот само со вода и сапун. Не
користете запаливи производи или
производи кои можат да предизвикаат
корозија.
Не чистете го апаратот со чистачи на
пареа или со чистачи под висок
притисок, остри предмети, абразивни
средства за чистење, абразивни
сунѓери и средства за отстранување
дамки
Ако користите спреј за печка,
придржувајте се до упатствата на
производителот. Не прскајте ништо
врз грејните елементи и сензорот на
термостатот.
Не чистете ја стаклената врата со
абразивни средства за чистење или со
метална гребалка. Може да дојде до
пукање и кршење на огноотпорната
површина на внатрешното стакло.
Кога стаклените плочи од вратата се
оштетени, тие стануваат крти и може
да се скршат. Мора да ги замените.
Контактирајте со сервисниот центар.
Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е тешка!
Не чистете го каталитичкиот емајл (ако
го има).
Светло на рерната
Исклучете го апаратот од
напојувањето со струја пред да го
замените светлото на рерната. Постои
опасност од електричен удар!
Сервисен центар
Само овластен инженер може да го
поправа или да работи на апаратот.
Контактирајте со овластен сервисен
центар.
Користете само оригинални резервни
делови.
Расходување на апаратот
За да се спречи ризик од физичка
повреда или оштетување
Извадете го приклучникот за струја
од штекерот.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Откачете ја бравата на вратата. Ова
ќе оневозможи деца и мали животни
да се затворат во апаратот. Постои
опасност од задушување.
40 electrolux
Page view 39
1 2 ... 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 ... 75 76

Comments to this Manuals

No comments