Electrolux EOB8851AAX Recipe Book Page 15

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 14
Ставете путер, шекер, ванилин шекер
и сол во чинија за матење и изматете
ги заедно. Додавајте ги јајцата едно по
едно и повторно изматете ја
мешавината. Постепено додавајте го
брашното, измешано со прашокот за
пециво, кон пенестата маса и лесно
вмешајте го.
Измешајте го и овошјето во
мешавината.
Ставете ја мешавината во
подготвениот плех и подигнете ја
мешавината малку погоре кај работ
отколку во средината. Украсете ги
работ и средината на колачот со
целите излупени бадеми. Ставете го
колачот во апаратот.
Време во апаратот: 100 минути
Ниво на решетка: 1
6.6 Streusel торта
Состојки за тестото:
375 g брашно
20 g квасец
150 ml млако млеко
60 g шекер
1 тропрст сол
2 жолчки
75 g омекнат путер
Состојки за трошките:
200 g шекер
200 g путер
1 лажичка цимет
350 g брашно
50 g сечкани ореви
30 g стопен путер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината. Пресечете го квасецот,
ставете го во дупката, измешајте го со
млекото и со малку брашно од работ,
попрскајте со брашно, оставете да
нарасне на топло место додека
брашното попрскано на тестото не
покаже пукнатини.
Ставете ги шеќерот, жолчките, путерот
и солта на работ од брашното. Сето
заедно измесете го во изедначено
квасно тесто.
Оставете го тестото да нарасне на
топло место додека не стане двапати
поголемо. Потоа исукајте го тестото и
положете го во подмачкан плех за
печење и оставете го повторно да
нарасне.
Ставете шекер, путер и цимет во
чинија за мешање и измешајте ги
заедно.
Додадете ги брашното и оревите и
измесете ги заедно за да се направи
мешавина што се рони.
Распоредете го путерот на
нараснатото тесто и распоредете ја
мешавината што се рони рамномерно
одозгора.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 3
6.7 Милиброд со квасец
Состојки за тестото:
650 g брашно
20 g квасец
200 ml млеко
40 g шекер
5 g сол
5 жолчки
200 g омекнат путер
Состојки за филот:
250 g сечкани ореви
20 g лебни трошки
1 лажичка мелен ѓумбир
50 ml млеко
60 g мед
30 g стопен путер
20 ml рум
Состојки за глазурата:
1 жолчка
малку млеко
50 g резанки од бадеми
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината. Пресечете го квасецот,
ставете го во дупката, измешајте со
млекото и со малку шекер и брашно од
работ, попрскајте со брашно, оставете
да нарасне на топло место додека
брашното попрскано на нараснатиот
квасец не покаже пукнатини.
МАКЕДОНСКИ 15
Page view 14
1 2 ... 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments