Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 10

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 9
100 g кисела павлака
200 g свеж лосос, сечкан на коцки
200 g гргеч, сечкан на коцки
150 g шкампи
150 g месо од школки
сол, црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
1 пакетче канелиони
50 g пармезан, рендан
150 g рендано сирење
40 g путер
Метод:
Ставете ги кромидот и путерот во тава
и гответе ги полека додека не станат
проѕирни. Додајте ги сечканите
листови спанаќ и варете ги кратко и на
тивок оган. Додајте ја киселата
павлака, промешајте и потоа оставете
да се излади. Во меѓувреме,
подгответе го бешамелот: Растопете
го путерот во тава, додајте го
брашното и со постојано мешање
пржете додека не добие златна боја.
Постепено и со постојано мешање
налејте го млекото. Зачинете го сосот
со сол, црн пипер и мускатно оревче и
варете го отворено околу 10 минути.
Додајте ги лососот, гргечот, шкампите,
школките, месото, солта и црниот
пипер во изладениот спанаќ и
измешајте. Премачкајте голем
правоаголен огноотпорен сад со 1
супена лажица путер. Наполнете ги
канелионите со мешавината од спанаќ
и ставете ги во сад за печење.
Ставете бешамел меѓу секој ред
канелони. Последниот слој треба да
биде бешамел посипан со сирење.
Остатокот од путерот наредете го во
мали парчиња врз јадењето.
Време во апаратот (мин): 55
Ниво на решетка: 1
5.3 Потпечена цикорија:
За 4 лица.
Состојки:
8 средно гоеми цикории
8 парчиња варена шунка
30 g путер
1,5 супени лажици брашно
150 ml бујон од зеленчук (од
цикоријата)
5 супени лажици млеко
100 g рендано сирење
Метод:
Исечете ја цикоријата на половинки и
отстранете ја горчливата срцевина.
Потоа внимателно измијте ја и варете
ја 15 минути во зовриена вода.
Извадете ги половинките цикорија од
водата, освежете ги со студена вода и
повторно спојте ги. Потоа околу секоја
цикорија завиткајте парче сланина и
наредете ги во подмачканиот плех за
печење. Стопете го путерот и додаjте
брашно. Пропржете, а потоа истурете
ги бујонот од зеленчук и млекото и
оставете да зоврие. Измешајте 50 g
сирење во сосот и прелијте ја
цикоријата. Потоа посипете го
остатокот од сирењето преку
јадењето.
Време во апаратот (мин): 35
Ниво на решетка: 2
5.4 Франконски кнедли во
тава:
За 6-8 лица.
Состојки:
Околу 1000 g парчиња мисирка
1 мала конзерва печурки (мали
главички)
500 g сечкан кромид
1 кg тесто за штрудла
400 g рендано сирење
250 ml слатка павлака
Метод:
Зачинете ги парчињата мисирка со
сол, црн пипер, црвен пипер, итн.
Испржете го сечканиот кромид.
Темелно исцедете ги печурките. Потоа
измешајте ги заедно месото, кромидот
и печурките и ставете ги во сад за во
рерна. Измешајте го тестото за
штрудла и сирењето и ставете ги врз
мешавината од мисирка. Потоа
налејте ја слатката павлака.
Време во апаратот (мин): 75
Ниво на решетка: 1
www.electrolux.com10
Page view 9
1 2 ... 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments