Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 11

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 10
5.5 Искушение на Џенсонови:
За 4 лица.
Состојки:
8 - 10 компири
2 главички кромид
125 g филети од инчун
300 ml слатка павлака
2 супени лажици лебни трошки
црн пипер
свежо исечкан тимијан
2 супени лажици путер
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги и
исечете ги на ленти. Излупете го
кромидот и исечете го на ленти.
Подмачкајте огноотпорен сад за
печење со путер. Ставете една
третина од компирите и кромидот во
садот. Врз нив ставете една половина
од филетите од инчун и преку нив
ставете уште една третина од
компирот и кромидот. Останатите
филети наредете ги врз нив. Најгоре
ставете го остатокот од кромид и
компир така што најгоре да бидат
компирите. Посолете со црн пипер и
исечканата мајчина душичка врз
јадењето. Истурете ја саламурата од
инчунот преку јадењето и додајте ја
слатката павлака. Посолете ги
лебните трошки и ставете парченца
путер одозгора.
Време во апаратот (мин): 60
Ниво на решетка: 3
5.6 Лазањи:
За 4 лица.
Состојки за сосот со месо:
100 g сланина од пафлак
1 кромид
1 морков
100 g целер
2 супени лажици маслиново масло
400 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
100 ml супа од месо
1 мала конзерва домати, на
парчиња (околу 400 g)
оригано, тимијан, сол и црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
3 супени лажици путер
250 g елени листови за лазањи
50 g пармезан, рендан
50 g меко сирење, рендано
Метод:
Со остар нож, отстранете ги кората
и ’рскавицата од сланината и ситно
исечкајте ја. Излупете ги кромидот и
морковот, исчистете го целерот,
исечкајте го сиот зеленчук на ситни
коцки. Загрејте го маслото во тава и
мешајќи постојано запржете ги
сланината и зеленчукот исечкан на
коцки. Постепено додавајте го
меленото месо, запржете го со
постојано мешање додека не стане
зрнесто и додајте го бујонот од месо
за да се растворат соковите. Зачинете
го сосот од месо со пирето од домат,
билките, солта и црниот пипер и
варете го покриен на тивок оган околу
30 минути. Во меѓувреме, подгответе
го бешамелот: Растопете го путерот
во тава, додајте го брашното и со
постојано мешање пржете додека не
добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го отворено
околу 10 минути. Премачкајте голем
правоаголен огноотпорен сад со 1
супена лажица путер. Наизменично,
слоевито редете ги во садот
листовите од тестенината, сосот од
месо, бешамелот и измешаното
сирење. Последниот слој треба да
биде бешамел посипан со сирење.
Остатокот од путерот наредете го во
мали парчиња врз јадењето.
Време во апаратот (мин): 55
Ниво на решетка: 1
5.7 Мусака:
За 8-10 лица.
Состојки:
1 исечкан кромид
маслиново масло
1,5 kg мелено месо
МАКЕДОНСКИ 11
Page view 10
1 2 ... 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments