Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 12

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 11
1 мала конзерва сечкани домати
(400 g)
50 g рендано сирење
4 лажички лебни трошки
сол и црн пипер
цимет
1 kg компири
1,5 kg модар патлиџан
путер за пржење
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
150 g рендано сирење
4 супени лажици лебни трошки
50 g путер
Метод:
Динстајте го исечканиот кромид на
малку маслиново масло, потоа додајте
го меленото месо и гответе мешајќи.
Додајте ги сечканите домати,
ренданиот ементалер и лебните
трошки, добро промешајте и оставете
да зоврие. Потоа зачинете со сол, црн
пипер и цимет и тргнете го од
ринглата. Излупете ги компирите и
исечете ги на тркалца дебели 1 cm,
измијте ги модрите патлиџани и
исечете ги на тркалца дебели 1 cm.
Исушете ги сите тркалца со кујнска
хартија. Потоа пржете ги во тавче со
многу путер. Во меѓувреме,
подгответе го бешамелот: растопете
го путерот во тава, додајте го
брашното и со постојано мешање
пржете додека да добие златна боја.
Постепено и со постојано мешање
налејте го млекото. Зачинете го сосот
со сол, црн пипер и мускатно оревче и
варете го отворено околу 10 минути.
Ставете ги тркалцата компир на дното
на подмачкан сад за печење, посипете
малку рендано сирење. Врз тоа
наредете слој модар патлиџан. Над
модриот патлиџан ставете ја
мешавината со мелено месо. Над тоа
ставете малку бешамел. Потоа
наредете нов слој од компир, модар
патлиџан и мешавина со мелено месо.
Последниот слој треба да е бешамел.
На површината распоредете ги
остатокот од сирењето и лебните
трошки. Растопете го путерот и
прелијте го врз мусаката.
Време во апаратот (мин): 60
Ниво на решетка: 1
5.8 Потпечени тестенини:
За 2-4 лица.
Состојки:
1 литар вода
сол
250 g таљатели
250 g варена шунка
20 g путер
1 китка магдонос
1 кромид
100 g путер
1 јајце
250 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
50 g рендан пармезан
Метод:
На рингла зовријте вода со малку сол.
Ставете ги таљателите во зовриената
солена вода и варете ги околу 12
минути. Потоа исцедете ги. Исечете ја
шунката на коцкички. Загрејте го
путерот во тава. Исечкајте го
магдоносот, излупете го кромидот и
исечкајте го. Динстајте ги во тавче.
Подмачкајте сад за печење со малку
путер. Измешајте ги таљателите и
динстаниот магдонос и кромид и
ставете ги во садот. Измешајте ги
јајцето со млекото и зачинете со сол,
црн пипер и мускатно оревче, и со тоа
полејте ги тестенините. Потоа
распоредете пармезан на површината.
Време во апаратот (мин): 45
Ниво на решетка: 1
5.9 Пита со компири:
Состојки:
1000 g компири
По 1 лажичка сол, црн пипер и
мускатно оревче
2 чешниња лук
200 g рендано сирење
200 ml млеко
200 ml слатка павлака
4 супени лажици путер
Метод:
www.electrolux.com12
Page view 11
1 2 ... 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments