Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 28

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 27
300 g карфиол
50 g тврдо сирење, рендано
2 јајца
50 ml слатка павлака
сол, мускатно оревче
путер за премачкување на садовите
Состојки за оризот:
200 g ориз со долго зрно
50 g див ориз
сол, црн пипер
400 ml бујон
1 мала црвена пиперка
1 мала конзерва слатка пченка (150
g)
Состојки за тестото со ванила и
јагоди:
200 ml млеко
200 ml слатка павлака
семе од 1 ванила стапче
2 жолчки
3 јајца
50 g шеќер
300 g јагоди
2 супени лажици ф’стаци
Метод:
Измијте ги и исушете ги пилешките
филети. Зачинете ги со сол, црн
пипер, црвен пипер и кари во прав, а
потоа ставете ги во сад за печење
месо. Раздвојте го карфиолот на
цветови, гответе го на пареа 25
минути, а потоа измиксирајте го во
пире. Додајте ги ренданото сирење,
јајцата и слатката павлака и зачинете
со сол и мускатно оревче. Ставете ја
мешавината од карфиол во 6 мали
чиничиња добро подмачкани со путер.
Подгответе го зеленчукот. Ставете ги
оризот со долго зрно, дивиот ориз,
солта, црниот пипер, бујонот од
зеленчук и водата во сад половина
час пред готвењето. Во меѓувреме,
исечете ја црвената пиперка на мали
коцки и додајте ја во оризот. Состојки
за ванила колачот со јагоди.
Измешајте ги жолчките и јајцата со
шеќер. Додајте го семето од ванила
стапчето. Налејте млеко и слатка
павлака и добро измешајте.
Наполнете 2/3 од филџани или чаши
со мешавината.
Подготовка:
Ставете ги сите јадења на решетката
во рерната (нивоа 1 и 4) и вклучете ја
програмата, гответе 40 минути. По
готвењето, оставете ги колачите од
ванила да се изладат, дополнете ги
чашите со јагоди и декорирајте со
ф’стаци. Исцедете ја пченката и
додајте ја во зготвениот ориз.
Време во апаратот (мин): 40
Ниво на решетка: 1 + 4
12.3 Мени на пареа 3:
За 4 лица.
Пастрмка со варени компири и
броколи. Крем со кокос и манго за
десерт.
Состојки за пастрмката:
4 пастрмки
сок од лимон
сол, црн пипер
Состојки за варените компири:
800 g компири
сол
Состојки за брокули со снегулки од
бадеми:
700 g броколи
50 g резанки од бадеми
малку путер
Состојки за кремот од кокос и
манго:
100 ml млеко
350 g кокосово млеко во прав
4 јајца
80 g шеќер
1 конзерва манго
Метод:
Измијте ги пастрмките, исушете ги и
испрскајте ги со сок од лимон. Ставете
ги во сад. Оставете ги да се
маринираат 10 минути, а потоа
зачинете ги. Излупете ги и исечете ги
компирите на четвртинки, ставете ги
во сад и посолете ги. Ставете ги на
една од решетките во рерната и
вклучете ја програмата. Измијте ги
брокулите, раздвојте ги цветовите и
ставете ги во сад. Подгответе го
кремот со кокос и манго. Измешајте го
млекото со кокосовото млеко.
Изматете ги малку јајцата и шеќерот и
додајте ги во кокосовото млеко.
www.electrolux.com28
Page view 27
1 2 ... 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36

Comments to this Manuals

No comments