Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 3

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 2
Состојки:
една цела риба, околу 1,5-2 kg
2 лимона со чиста кора (без восок)
1 главица коморач
4 гранчиња свеж тимијан
3 kg кујнска сол
Метод:
Исчистете ја рибата и истријте ја со
сокот од двата лимона. Исечете ја
главицата коморач на тенки парчиња и
заедно со гранчињата свеж тимијан,
наполнете ја рибата. Ставете
половина од кујнската сол во сад за
печење и врз неа ставете ја рибата.
Другата половина кујнска сол ставете
ја врз рибата и цврсто притиснете
надолу.
Време во апаратот (мин): 55
Ниво на решетка: 1
2.4 Риба на пареа:
За 4 лица.
Состојки:
400 g компири
2 снопчиња млади кромитчиња
2 чешниња лук
1 мала конзерва сечкани домати
(400 g)
4 филети од лосос
сок од еден лимон
сол и црн пипер
75 ml супа од зеленчук
50 ml бело вино
1 гранче свеж рузмарин
150 ml вино
1/2 китка свежа мајчина душичка
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги,
исечете ги на четвртинки и вријте ги
во солена вода 25 минути, потоа
исцедете ги и исечете ги на парчиња.
Измијте ги младите кромитчиња и
ситно исечкајте ги. Излупете ги
чешнињата лук и исечете ги на
парчиња. Измешајте ги кромидот и
лукот со сечканите домати. Испрскајте
ги филетите лосос со сокот од лимон и
оставете ги да се маринираат. Потоа
исушете ги и зачинете ги со сол и црн
пипер. Измешајте го зеленчукот со
компирите и ставете ги во подмачкан
огноотпорен сад, зачинете и ставете
го лососот одозгора. Истурете ги
супата од зеленчук и белото вино врз
него и распоредете ги рузмаринот и
мајчината душичка.
Време во апаратот (мин): 35
Ниво на решетка: 2
2.5 Полнети лигњи:
За 4 лица.
Состојки:
1 kg средно големи лигњи,
исчистени
1 големa главицa кромид
2 супени лажици маслиново масло
90 g сварен ориз со долго зрно
4 супени лажици пињоли
4 супени лажици рибизли (суво
грозје)
2 супени лажици сечкан магдонос
сол, црн пипер
сок од еден лимон
4 супени лажици маслиново масло
150 ml вино
500 ml доматен сос
Метод:
Силно истријте ги лигњите со сол, а
потоа измијте ги под чешма. Излупете
го кромидот, ситно исечкајте го и
династајте го со две супени лажици
маслиново масло додека не стане
проѕирен. Во кромидот додајте ги
оризот со долго зрно, пињолите,
рибизлите и сечканиот магдонос и
зачинете со сол, црн пипер и сок од
лимон. Наполнете ги лигњите со
мешавината и добро затворете го
отворот.
Ставете четири супени лажици
маслиново масло во тава на рингла и
запржете ги лигњите. Додајте вино и
сос од домати. Покријте ја тавата со
капак и ставете ја во рерната.
Време во апаратот (мин): 60
Ниво на решетка: 1
2.6 Полнета риба (пастрмка):
Состојки:
1 лимон
риба
Метод:
МАКЕДОНСКИ 3
Page view 2
1 2 3 4 5 6 7 8 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments