Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
Состојки:
1 пиле, 1,2 kg (со ситнежот)
1 супена лажица масло
1 лажичка сол
1/4 лажичка црвен пипер
50 g лебни трошки
3 - 4 супени лажици млеко
1 кромид, исечкан
1 китка магдонос, исечкан
20 g путер
1 јајце
сол и црн пипер
Метод:
Исчистете го и исушете го пилето.
Измешајте ги маслото, солта и
црвениот пипер и со мешавината
истријте го пилето. Полнење:
Измешајте ги лебните трошки и
млекото. Ставете ги исечканиот
кромид, магдоносот и путерот во тавче
и динстајте. Исечкајте ги ситно срцето,
црниот дроб и шкембето и додаjте
едно јајце. Потоа измешајте сè заедно
и зачинете со сол и црн пипер.
Ставете го пилето со градите надолу
во тава за печење месо и ставете го
јадењето во рерна. Свртете го после
30 минути. (Се огласува сигнал.)
Време во апаратот (мин): 90
Ниво на решетка: 1
4. МЕСО
4.1 Тепсија со говедско месо:
За 4 лица.
Состојки:
600 g јунешко
сол и црн пипер
брашно
10 g путер
1 кромид
330 ml темно пиво
2 лажички кафеав шеќер
2 лажички доматно пире
500 ml говедски бујон
Метод:
Исечете го јунешкото на коцки,
зачинете со сол и црн пипер и
посипете со малку брашно. Загрејте го
путерот во тавче и испржете ги
парчињата месо. Потоа ставете ги во
тава за ѓувеч. Излупете кромид и
ситно исечкајте го, пропржете го на
малку путер, а потоа ставете го во
тавата врз месото. Измешајте темно
пиво, кафен шеќер, доматно пире и
говедска супа, ставете го сето тоа во
тавче и оставете да зоврие. Потоа
истурете врз месото (месото треба да
е прекриено). Поклопете го и ставете
го во рерна.
Време во апаратот (мин): 120
Ниво на решетка: 3
4.2 Јагнешки бут:
За 6-8 лица.
Состојки:
2,7 kg јагнешки бут со коска
30 ml маслиново масло
сол
црн пипер
3 чешниња лук
1 китка свеж рузмарин (или 1
супена лажица сув рузмарин)
вода
Метод:
Измијте го јагнешкиот бут и исушете
го, втријте го маслиновото масло и
направете засеци во месото. Зачинете
со сол и црн пипер. Излупете ги
чешнињата лук и исечете ги на
резанки, распоредете ги заедно со
рузмаринот во засеците во месото.
Ставете го јагнешкиот бут во сад за
печење и додаjте вода; долниот дел
од месото треба да е потопен во 10
-15 mm течност. Свртете го печеното
месо по околу 30 минути.
Време во апаратот (мин): 165
Ниво на решетка: 1
4.3 Маринирано говедско:
За 4 лица.
Состојки:
1,5 kg парче говедско
сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
За подготвување на маринадата:
МАКЕДОНСКИ 5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments