Electrolux EOB8956VAX Recipe Book Page 9

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 8
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
вода
Метод:
Исечете 8 разрези околу целата
коленица. Исечете ги четирите
парчиња варена шунка на половина и
ставете ги во разрезите. Измешајте
масло, сол, црвен пипер и босилок и
со мешавината намачкајте ја
телешката коленица. Ставете ја
телешката коленица во тава за
печење месо и одозгора распоредете
ги печурките. Додаjте супа од зеленчук
и вода во телешката коленица;
долниот дел треба да биде потопен во
10-15 mm течност. Свртете го
печеното месо после отприлика 30
минути.
Време во апаратот (мин): 160
Ниво на решетка: 1
4.13 Дива свиња:
За 4 лица.
Состојки:
1,5 kg бут од дива свиња (плешка)
сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
1 мала конзерва лисичарки
За подготвување на маринадата:
1,5 l црвено вино
150 g корен од целер
150 g моркови
2 главички кромид
5 ловорови листа
5 чешниња лук
2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се изладат.
Истурете ја маринадата врз месото да
го прекрие и оставете го да се
маринира 3 дена.
Метод:
Извадете го бутот од дива свиња од
маринадата и исушете го. Зачинете го
со сол и црн пипер и запржете го од
сите страни во тавче на рингла.
Додајте ги лисичарките и малку супа
од зеленчук од маринадата. Ставете
малку маринада во тавата за печење.
Долниот дел од месото треба да биде
потопено во 10-15 mm течност.
Покријте ја тавата со капак и ставете
ја во рерната.
Време во апаратот (мин): 140
Ниво на решетка: 1
5. ЈАДЕЊА ВО РЕРНА
5.1 Ѓувеч со зелка:
За 4 лица.
Состојки:
1 зелка (800 g)
мајоран
1 кромид
масло за брзо пропржување
400 g мелено месо
250 g ориз со долго зрно
сол, црн пипер и црвен пипер
1 литар супа од месо
200 ml кисела павлака
100 g рендано сирење
Метод:
Исечете ја зелката на четвртини и
извадете го кочанот. Бланширајте ја
во солена вода зачинета со мајорам.
Излупете го кромидот, ситно исечкајте
го и пропржете го на малку масло.
Потоа додајте ги меленото месо и
оризот со долго зрно, пропржете и
зачинете со сол, црн пипер и црвен
пипер. Додајте го бујонот од месо и
оставете го поклопено да крчка 20
минути. Ставете слоеви зелка и ориз /
мелено месо во садот. Најгоре
ставете ја киселата павлака и
посипете сирење врз јадењето.
Време во апаратот (мин): 60
Ниво на решетка: 2
5.2 Канелони:
За 4 лица.
Состојки за филот:
50 g кромид, сечкан
30 g путер
350 g спанаќ, сечкан
МАКЕДОНСКИ 9
Page view 8
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments