Electrolux EOB8956VAX User Manual Page 34

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 72
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 33
11.3 Готвење во запечатени
пластични ќеси
Оваа функција користи пониски
температури за готвење за разлика од
нормално готвење. Внимателно
ракувајте со храната заради подобар
квалитет на истата.
Препораки за безбедност на
храната:
Користете високо квалитетни
сурови материјали.
Секогаш користете сурови
материјали кои се свежи.
Секогаш чувајте ги суровите
материјали во соодветни услови
пред да ги зготвите.
Секогаш чистете ја храната пред да
ја готвите.
За добри и безбедни резултати,
секогаш проверувајте ги
вредносите во табелите за
готвење. Проверувајте го времете
на готвење, температурата и
димензиите на храната.
Храната не смее да се чува на
температура под 60 °C подолго
време за да избегнете проблеми со
нејзината безбедност.
Користете ниски температури само
за храна што може да се јаде и
сурова и само за кратко време.
Јадењата подготвени во
запечатени пластични ќеси имаат
најдобар вкус веднаш после
готвењето. Ако не ја јадете храната
веднаш по готвењето, брзо
намалете ја нејзината температура.
За да го направите тоа, ставете ја
храната во сад со мраз и ставете ја
во фрижидер. Во фрижидерот
можете да ја чувате храната 2-3
дена.
Не користете ја функцијата
Готвење во пластични ќеси за
подгревање на остатоци од храна.
Спречете контакт меѓу суровата
храна и зготвената храна додека ја
подготвувате и готвите храната.
Не користете ги истите садови за
различни работи без да ги измиете
внимателно.
За рецепти со живи јајца, спречете
белката од јајцето или жолчката да
дојде во контакт во надворешниот
дел од лушпата на јајцето.
Помои и совети за пакување на
храна во вакуум:
Неопходна опрема за функцијата
Готвење во пластични ќеси се
уредот за вакумирање и вакуум
ќеси.
Препорачан уред за вакумирање:
уред за вакумирање со комора.
Само ваков вид на уред за
вакумирање може да вакумиира
пакување со течност.
Користете вакуум ќеси што се
соодветни за функцијата Готвење
во пластични ќеси.
Не користете ги повторно вакуум
ќесите.
Стевете ја храната во еден слој во
вакуум ќесите за да добиете
рамномерни резултати при
готвењето.
За побрзо и порамномерно готвење
на храната, поставете на највисок
степен на вакумирање.
За да постигнете сигурно
затворање на ваккум ќесата,
проверете дали е чисто местото
каде што треба да се запечати.
Општи напомени и совети за
функцијата Готвење во запечатени
пластични ќеси:
За да ја одржите пареата при
готвењето, секогаш држете ја
вратата на апаратот затворена кога
ја користите функцијата Готвење во
пластични ќеси.
Внимателно отворете ја вратата
после готвењето затоа што во
апаратот е насобрана пареа.
Можете да додадете масло и
зачини во храната според ваш вкус.
Маслото спречува храната за да се
залепи на вакуум ќесата.
Зачинете ја малку храната на
почеток затоа што нема загуба на
пареа како и зауба на вкус.
За да испари алкохолот од
течностите, загрејте и зовријте ги
течностите пред пакувањето во
вакуум ќеси.
Можете да го замените свежиот лук
со лук во прав.
www.electrolux.com34
Page view 33
1 2 ... 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 ... 71 72

Comments to this Manuals

No comments