Electrolux EOC5851AOX User Manual Page 6

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 5
Веднаш заменете ги стаклените плочи на
вратата кога се оштетени. Контактирајте со
сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите вратата
од апаратот. Вратата е тешка!
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
Заостанатата мрснотија или храна во
апаратот може да предизвика пожар.
Исчистете го апаратот со навлажнета мека
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица, растворувачи
или метални предмети.
Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните инструкции
на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл (доколку
има) со никаков тип на детергент.
Пиролитичко чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда / Пожари / Хемиски
емисии (Испарувања) во режим на
чистење со пиролиза.
Пред да ја спроведете функцијата само-
чистење со пиролиза или пред Употреба на
апаратот, од внатрешноста на печката
извадете ги следните работи:
вишок на остатоци од храна, масло или
истурени маснотии / наслаги.
Сите предмети што можат да се извадат
(вклучително решетките, страничните
шини итн., обезбедени со производот),
особено нелепливите тенџериња,
тавите, тацните, приборот итн.
Внимателно прочитајте ги упатствата за
пиролитичкото чистење.
Чувајте ги децата подалеку од апаратот
додека се врши чистење со пиролиза.
Апаратот станува многу жежок и се
испушта жежок воздух од предните
вентилатори за ладење.
Чистењето со пиролиза е операција на
висока температура што може да ослободи
испарувања од остатоците од готвењето и
материјалите на садовите, и затоа на
купувачите им се препорачува следново:
Да се обезбеди добро проветрување за
време и по првата употреба на
максимална температура за работа.
Да се обезбеди добро проветрување за
време и после секое чистење со
пиролиза.
За разлика од луѓето, некои птици и
влекачи може да бидат крајно
чувствителни на потенцијалните
испарувања што се испуштаат за време на
чистењето на сите Пиролитички печки.
Отстранете ги сите миленичиња
(посебно птици) од близината на
местото на апаратот за време и после
чистење со пиролиза и на почеток
пуштете го да работи на максимална
температура во добро проветрена
просторија.
Малите домашни миленици може да бидат
исто така многу осетливи на локалните
температурни разлики во близината на
Пиролитичките печки.
Нелепливите површини на тенџерињата,
тавите, тацните, приборот и сл. може да се
оштетат од чистење со пиролиза со висока
температура на сите Пиролитички печки и
може да биде и извор на испарувања со
мала штетност.
Испарувањата испуштени од сите
пиролитички рерни / остатоци од готвењето
се опишани како безопасни за луѓето,
вклучувајќи ги бебињата или болните
личности.
2.4 Внатрешно светло
Типот на светилката или на халогената
лампа која се користи за овој апарат е само
за употреба во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката, исклучете
го апаратот од напојувањето.
Користете само светилки со истите
спецификации.
2.5 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
6
www.electrolux.com
Page view 5
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments