запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
• За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
– не ставајте огноотпорни садови
или други предмети директно
на дното на апаратот.
– не ставајте алуминиумска
фолија директно на дното на
апаратот.
– не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
– не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
– бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
• Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
• Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
• Секогаш гответе со затворена
врата на печката.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
пожар или оштетување на
апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата кога се оштетени.
Контактирајте со сервисот.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Заостанатата мрснотија или храна
во апаратот може да предизвика
пожар.
• Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунгери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за рерна,
почитувајте ги безбедносните
упатства на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.5 Пиролитичко чистење
Опасност од повреди /
Пожари / Хемиски
испарувања (гасови) во
режим на пиролиза.
• Пред да ја спроведете функцијата
самостојно пиролитичко чистење
или пред првата употреба, од
внатрешноста на рерната извадете
ги следните работи:
– сите остатоци од храна, масло
или истурени маснотии /
наслаги.
– сите предмети што можат да се
извадат (вклучително
решетките, страничните шини
итн., обезбедени со
производот), особено
нелепливите тенџериња,
тавите, тацните, приборот итн.
• Внимателно прочитајте ги
упатствата за пиролитичко
чистење.
• Чувајте ги децата подалеку од
апаратот додека се одвива
пиролитичкото чистење.
Апаратот станува многу жежок и
испушта жежок воздух од предните
вентилатори за ладење.
www.electrolux.com6
Comments to this Manuals