Electrolux EOC5851AOX User Manual Page 21

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 20
Киснато тесто
Оваа автоматска функција можете да ја
користите со кој било рецепт за потквасено
тесто што ви се допаѓа. Оваа функција ви
обезбедува добра околина за нараснување на
тестото. Ставете го тестото во сад кој е
доволно длабок за нараснување и покријте го
со влажна крпа или пластична фолија.
Ставете решетка на ниво 1 и поставете го
садот на неа. Затворете ја вратата и
поставете ја функцијата за стасување тесто.
Поставете го потребното време.
11.3 Печење
Општи совети
Вашата нова печка може да ги пече
тестото и месото различно од апаратот
што сте го имале порано. Приспособете ги
вообичаените поставки (температура,
траење на готвењето) и нивоата на
решетката кон вредностите во табелите.
При подолго време на печење, можете да
ја исклучите рерната приближно 10 минути
пред истекување на времето за печење, а
потоа да го искористите остатокот од
топлината.
Кога готвите замрзната храна, плеховите во
рерната можат да се извиткаат во текот на
печењето. Кога повторно ќе се изладат,
изобличувањата ќе исчезнат.
Како да ги користите табелите за печење
Производителот препорачува да ја
користите пониската температура првиот
пат.
Ако не можете да ги најдете поставките за
одреден рецепт, побарајте некој што е
скоро ист.
Времето на печење може да се продолжи
за 10-15 минути доколку печете колачи на
повеќе од едно ниво.
Колачите и пецивата со различна висина
не се запечуваат секогаш еднакво првиот
пат. Доколку дојде до тоа, не менувајте ги
поставките за температурата. Разликата ќе
се израмни во текот на печењето.
11.4 Совети за печење
Резултати од печењето Можна причина Решение
Долниот дел на колачот не
е доволно запечен.
Позицијата на решетката е
неправилна.
Ставете го колачот на
пониска решетка.
Колачот спласнува и
станува влажен, леплив или
нерамномерен.
Температурата на рерната
е превисока.
Кога ќе печете следниот
пат, поставете малку
пониска температура на
рерната.
Колачот спласнува и
станува влажен, леплив или
нерамномерен.
Премногу кратко време на
печење.
Поставете подолго времето
на печење. Не можете да го
намалите времето на
печење со поставување на
повисоки температури.
Колачот спласнува и
станува влажен, леплив или
нерамномерен.
Има премногу течност во
смесата.
Употребете помалку
течност. Внимавајте на
времето за матење,
особено доколку користите
машина за матење.
Колачот е пресув.
Температурата на рерната
е прениска.
Кога ќе печете следниот
пат, поставете повисока
температура на рерната.
Колачот е пресув.
Премногу долго време на
печење.
Кога ќе печете следниот
пат, поставете пократко
време на печење.
МАКЕДОНСКИ 21
Page view 20
1 2 ... 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments