Electrolux EOC69400X User Manual Page 32

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 48
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 31
ВАЖНО ВНИМАНИЕ:
Не употребувајте жица, остар алат или
уреди за испирање, за чистење на
уредот.
Не користете жица или метални
стругалки за да ја чистите стаклената
врата од рерната, тие може да ја
изгребат површината. Тоа може да
предизвика пукање на стаклото.
Надворешност на уредот
Избришете го предниот дел на уредот
со помош на мека крпа и раствор од
млака вода и средство за миење
садови.
за металните површини употребувајте
стандардни комерцијални производи
за чистење.
Не употребувајте средства за
стружење или абразивни сунѓерчиња.
Чистете ја рерната по секоја употреба.
Ова е најлесниот начин да ја отстраните
нечистотијата, која потоа може да
загори.
Внатрешност на рерната
1. Кога вратата е отворена,
осветлението на рерната се пали
автоматски.
2. Избришете ја рерната по секоја
употреба со раствор од средство за
миење садови, па потоа исушете ја.
Отстранете ја тврдо корната
нечистотија со специјални средства
за чистење.
ВАЖНО Важно: Кога користите спреови,
точно следете ги упатствата на
производителот. Проверете дали по
чистењето на рерната со помош на спреј
не останале видливи траги од
детергентот.
Прибор
Чистете и исушете го приборот од
рерната (решетка, плех, тава за
печење, итн.) по секоја употреба.
Натопете ги предметите за да го
олесните чистењето.
филтер за маснотии
1. Исчистете го филтерот за маснотии
во жешка вода и средство за миење
садови или во машина за миење
садови.
2. Силно запечените наслаги
нечистотија може да се отстранат со
вриење на филтерот во малку вода и
2-3 супени лажици детергент за
машина за миење садови.
Pyrolytic чистење
Со функцијата " Pyrolytic", можете да ја
чистите рерната со помош на пиролиза.
Изберете ја функцијата во менито "
Cleaning Menu".
Не отворајте ја вратата додека
рерната се загрева, бидејќи тоа ќе
предизвика откажување на
постапката.
Штом се постигне одредена
температура, вратата од рерната
автоматски се заклучува.
Cleaning Assistant
Кога ќе ја активирате функцијата "
Cleaning Assistant" во менито " Cleaning
Menu" и ја започнете пиролизата, на
екранот се прикажуваат пораки, кои ви
ставаат до знаење што треба да
запомните пред започнување на
пиролизата.
Потсетник за чистење
Кога " CLEANING REMINDER" во
менито " Cleaning Menu" ќе се вклучи, на
екранот се прикажува соодветна порака
кога ќе дојде време за чистење на
рерната.
Странични шини
Страничните шини од десната и од
левата страна на внатрешноста на
рерната може да се извадат за полесно
чистење на страничните ѕидови.
Вадење на страничните решетки
Прво, напред одвлечете ги решетките од
ѕидот на рерната (1), па откачете ги од
задниот дел (2).
32 electrolux
Page view 31
1 2 ... 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 ... 47 48

Comments to this Manuals

No comments