Electrolux ESL63010 User Manual Page 10

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 20
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 9
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш
затворајте ја вратата откако ќе го
наполните или испразните апаратот.
Отворена врата може да биде
опасна.
Долна корпа
Ставајте тави, капаци, послужавници,
каленици и прибор за јадење во долната
корпа. Ставете ги поголемите садови и
капаци околу рабовите на корпата.
Корпа за прибор за јадење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не ставајте ги
ножевите со долги острици во
исправена положба. Ставете го
долгиот и остар прибор легнат во
горната корпа. Внимавајте со
острите предмети.
Ставајте ги виљушките и лажиците со
рачките надолу.
Ставајте ги ножевите со рачките нагоре.
Ако врвовите на ножевите штрчат од
дното на корпата, ќе се блокира долната
прскалка. Ставете ги ножевите со
рачките надолу.
Мешајте ги лажиците со друг прибор за
да не се залепат една за друга.
Користете ја мрежата за прибор. Ако
димензиите на приборот не дозволуваат
користење мрежа, може да ја извадите.
Горна корпа
Горната корпа е наменета за чинии (со
пречник од најмногу 24 см), каленици,
шољи, чаши, тенџериња и капаци.
Наредете ги предметите така што
водата ќе може да допре до сите
површини.
Ставете ги големите чинии само од
задниот дел на горната корпа.
Навалете ги нанапред.
Ставете ги чашите со долги ногарки во
држачот за чаши со ногарките нагоре. За
подолгите предмети преклопете ги
држачите за шољи нагоре.
10 electrolux
Page view 9
1 2 ... 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 ... 19 20

Comments to this Manuals

No comments