Electrolux ESL63010 User Manual Page 18

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 20
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 17
Кога ја местите машината, внимавајте
доводното и одводното црево и кабелот
за струја да не се превиткани или
смачкани.
Прицврстување на апаратот за
соседните елементи
Внимавајте работната маса под која го
прицврстувате апаратот да има
безбедна структура (соседни кујнски
елементи, плакари, ѕид).
Нивелирање на апаратот
Внимавајте апаратот да е нивелиран за
да може вратата да се затвора добро.
Ако нивелирањето на апаратот е
правилно, вратата нема да закачува
ниедна од страните на плакарот. Ако
вратата не се затвора правилно,
олабавувајте ги или стегајте ги
ногарките додека машината не се
изнивелира.
Поврзување на водата
Доводно црево
Приклучете го апаратот со довод на
топла (макс. 60°) или студена вода.
Ако топлата вода доаѓа од алтернативни
извори на енергија што се поеколошки
(на пр. соларни или фотоволтни плочи и
ветерници), користете топла вода за да
ја намалите потрошувачката на
енергија.
Поврзете го доводното црево со славина
со надворешен навој од 3/4 цол.
ВНИМАНИЕ Не користете црева за
поврзување од стар апарат.
Притисокот на водата мора да биде во
рамките на вредностите (видете во
"Технички податоци"). Проверете кај
локалното водостопанство колкав е
просечниот притисок на водоводната
инсталација во вашето подрачје.
Внимавајте доводното црево да не е
свиткано и да не е смачкано или
заплеткано.
Наместете ја контраматицата правилно
за да се избегне протекување на водата.
ВНИМАНИЕ Не поврзувајте го
апаратот со нови или со цевки што
долго не се користеле. Оставете
водата да тече неколку минути, па
потоа поврзете го доводното црево.
Одводно црево
1. Поврзете го одводното црево со
одвод за вода под лавабо и закачете
го под работната површина. Тоа ќе
спречи влегување на отпадната вода
од лавабото во апаратот.
2. Поврзете го одводното црево со
исправена цевка со дупка за
вентилација (минимален внатрешен
пречник од 4 см).
max 85 cm
min 40 cm
max 400 cm
Внимавајте одводното црево да не е
свиткано или смачкано, инаку водата
нема да се испушта правилно.
Извадете го приклучникот на лавабото
кога апаратот испушта вода за да
спречите враќање на водата во
апаратот.
Продолжетокот на одводното црево не
смее да биде подолг од 2 м.
Внатрешниот пречник не смее да биде
помал од пречникот на цревото.
Ако го поврзувате одводното црево со
одвод за вода под лавабо, извадете ја
пластичната мембрана (А). Ако не ја
извадите мембраната, преостанатата
храна може да го блокира приклучникот
на одводното црево.
18 electrolux
Page view 17
1 2 ... 13 14 15 16 17 18 19 20

Comments to this Manuals

No comments