Electrolux ESL63010 User Manual Page 14

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 20
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 13
10. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или прекинува со
работа.
Пред да контактирате со сервисот, видете ги
информациите што следат за решение на
проблемот.
Кај некои проблеми, различни показни светла
постојано или со прекини светкаат
истовремено за да прикажат шифра за
тревога.
Шифра за тревога Проблем
Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
Показното светло за крај на програмата
трепка еднаш со прекини.
Апаратот не се полни со вода.
Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
Показното светло за крај на програмата
трепка двапати со прекини.
Апаратот не ја испушта водата.
Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
Показното светло за крај на програмата
трепка трипати со прекини.
Вклучен е уредот против поплавување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот пред да
направите проверка.
Проблем Можно решение
Не можете да го вклучите апаратот. Погрижете се приклучокот за струја да е вклучен
во штекерот.
Погрижете се да нема оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
Програмата не стартува. Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја
поставката или почекајте да заврши
одбројувањето.
Апаратот не се полни со вода. Проверете дали е отворена славината за вода.
Погрижете се притисокот на доводот за вода да
не е пренизок. За овие информации, јавете се во
локалното водостопанство.
Погрижете се славината за вода да не е затната.
Погрижете се филтерот во доводното црево да не
е затнат.
Погрижете се доводното црево да не е засукано
или свиткано.
Апаратот не ја испушта водата. Погрижете се одводната цевка да не е затната.
Погрижете се одводното црево да не е засукано
или свиткано.
14
www.electrolux.com
Page view 13
1 2 ... 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20

Comments to this Manuals

No comments