Electrolux EVY7800AAX User Manual Page 16

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 56
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 15
7. РЕЖИМ МИКРОБРАНОВИ
7.1 Микробранова рерна
Општо:
ВНИМАНИЕ!
Не оставајте го апаратот
да работи кога во него
нема храна.
Откако ќе го исклучите апаратот,
оставете ја храната да постои
неколку минути. Видете во
табелите за готвење на
микробранови: време на стоење.
Отстранете ја амбалажата од
алуминиумска фолија, металните
садови и сл. пред подготвување на
храната.
Не се препорачува да се користи
повеќе од едно ниво кога се
користи режимот микробранови.
Ставете ја храната на чинија на
дното од внатрешноста ако не е
поинаку специфицирано.
Ако е можно, секогаш измешајте ја
храната пред сервирање.
Готвење:
Ако е возможно, гответе ја храната
прекриена со материјал што е
погоден за готвење со
микробранови. Храната гответе ја
без капак само ако сакате да биде
крцкава.
Не гответе ги јадењата при високи
поставки на јачина и време.
Храната на некои места може да се
исуши, прегори или да се запали.
Не користете го апаратот за
варење јајца или полжави во
нивните оклопи бидејќи можат да
ескплодираат. Кога пржите јајца,
прво продупчете ја жолчката.
Храната со “кожа“ или “кора“, како
компири, домати, колбаси,
прободете ја со вилушка неколку
пати пред да ја зготвите за да
спречите експлодирање.
За разладени или замрзнати
јадења, потребно е подолго време
за готвење.
Јадењата што содржат сосови мора
одвреме навреме да се промешаат.
Поголемите парчиња превртете ги
по изминување на половина од
времето за готвење.
Ако е возможно, исечете го
зеленчукот на помали парчиња.
Користете рамни, широки чинии.
Не користете садови за готвење
направени од порцелан, керамика
или глина со мали дупчиња, на пр.
на рачките или неглазирано дно.
Влагата што навлегува во дупките
може да предизвика садот за
готвење да пукне кога ќе се загрее.
Одмрзнување месо, живина, риба:
Ставете ја замрзната, неотпакувана
храна на мала превртена чинија со
длабок сад одоздола или на држач
за одмрзнување или пластично
сито, за течноста што се
ослободува при одмрзнувањето да
може да истекува.
Превртете ја храната кога ќе
измине половина од времето што е
потребно за одмрзнување. Ако е
возможно, одвојте ги и отстранете
ги парчињата што почнале да се
одмрзнуваат.
Одмрзнување путер, парчиња
торта, урда:
Не одмрзнувајте ги целосно во
апаратот, оставете ги да се
одмрзнат на собна температура. На
тој начин се постигнува
поизедначен резултат. Пред
одмрзнувањето, целосно извадете
го металното или алуминиумското
пакување.
Одмрзнување овошје, зеленчук:
Ако зеленчукот и овошјето треба да
останат сурови, немојте целосно да
ги одмрзнете во апаратот и
оставете ги да се одмрзнат целосно
на собна температура.
Можете да користите микробранови
со поголема јачина за готвење на
овошјето и зеленчукот без
претходно да ги одмрзнувате.
Готови јадења:
www.electrolux.com16
Page view 15
1 2 ... 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 ... 55 56

Comments to this Manuals

No comments