• Не загревајте течности и други видови храна во
запечатени садови. Тие можат да експлодираат.
• Користете само садови што се погодни за
употреба во микробранови рерни.
• Кога загревате храна во пластични или хартиени
садови, внимавајте на апаратот поради можноста
од нивно палење.
• Апаратот е наменет за загревање храна и
пијалаци. Сушење храна или облека и загревање
перничиња за греење, топлинки, сунѓери, влажни
крпи и слично може да доведе до ризик од
повреда, потпалување или пожар.
• Ако забележите чад, исклучете го апаратот или
откачете го од струја и оставете ја вратата
затворена за да се задуши евентуалниот пламен.
• Загревањето пијалаци со микробранови може да
резултира со задоцнето зовривање со
претекување. Внимавајте кога ракувате со садот.
• Содржината на шишињата за бебиња и теглите со
бебешка храна треба да се промеша или протресе,
а пред хранењето треба да се провери
температурата за да се избегнат изгореници.
• Јајца во нивната лушпа и цели тврдо варени јајца
не смеат да се загреваат во апаратот бидејќи
можат да експлодираат, дури и по завршувањето
на загревањето со микробранови.
• Апаратот треба редовно да се чисти и да се
отстрануваат сите остатоци од храна.
• Доколку апаратот не се одржува чист, може да
дојде до оштетување на површината, што пак
негативно ќе влијае врз работниот век на апаратот
и може да резултира со опасни ситуации.
МАКЕДОНСКИ 5
Comments to this Manuals