Electrolux EWX147410W User Manual Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
Исчистете ги сите влакненца кои се насобрале
околу апаратот.
Предметите извалкани со материи како што се
масло за готвење, ацетон, нафта, керозин,
средства за чистење дамки, терпентин, восоци и
средства за отстранување восок треба да се
измијат во топла вода со повеќе детергент пред да
се сушат во машината за сушење.
Не користете го апаратот ако бил чистен со
индустриски хемикалии.
Не сушете неиспрани предмети во машината за
сушење.
Предмети од гумена пена (пена од латекс), капи за
туширање, водоотпорни ткаенини, предмети со
гумена подлога и облека или перници со подлошки
од гумена пена не смеат да се сушат во машината
за сушење.
Омекнувачите за ткаенини или сличните
производи треба да се користат како што е
определено во упатството на омекнувачот.
Извадете ги сите предмети од џебовите, како на
пример, запалки и кибрит.
Не прекинувајте ја машината за сушење алишта
пред крајот на циклусот за сушење освен ако сите
предмети не се отстранат брзо и распостелат за
да се испушти топлината.
Последниот дел од циклусот на машината за
сушење е без топлина (циклус за ладење) како
гаранција дека предметите ќе бидат на
температура што нема да ги оштети.
Не користете воден спреј и пареа за чистење на
апаратот.
Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунѓери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
МАКЕДОНСКИ 5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments