Electrolux ESI47020X User Manual Page 59

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 92
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 58
5. Затворете го капакот на дозерот за
детергент. Притиснете го капакот
додека не се заглави.
Различните марки детергент се
раствораат за различно време.
Некои детергенти во таблети не
даваат најдобри резултати на
миење за време на кусите програми.
Користете долги програми за миење,
кога користите детергент во
таблети. Тоа помага во целосно
отстранување на детергентот.
Функцијата Multitab
Функцијата Multitab е за комбинирани
детергентски таблети.
Овие таблети содржат детергент,
средство за плакнење и сол за машини
за садови. Некои видови таблети може
да содржат и други средства.
Проверете дали таблетите се соодветни
за тврдоста на локалната вода. Видете
во упатствата од производителот.
Кога ќе ја поставите функцијата Multitab,
таа останува вклучена додека не ја
исклучите.
Функцијата Multitab автоматски го сопира
протекот на средство за плакнење и на
сол. Показните светла за средство за
плакнење и за сол се исклучени.
Програмата може да трае подолго ако ја
користите функцијата Multitab.
Активирајте ја или деактивирајте ја
функцијата Multitab пред да почнете
програма за миење.
Не може да ја активирате или
деактивирате функцијата Multitab
додека трае некоја програма.
Откажете ја програмата за миење, а
потоа повторно поставете ја.
Активирање на функцијата Multitab:
Притиснете го копчето Multitab.
Показното светло за Multitab се пали.
Деактивирање на функцијата Multitab:
Притиснете го копчето Multitab.
Показното светло за Multitab се гаси.
Направете го следново ако е
сушењето незадоволително:
1. Наполнете го дозерот со
средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за
средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство
за плакнење во положба 2.
Дозерот за средство за плакнење
може да се активира или
деактивира само кога е активна
функцијата Multitab.
Активирање/деактивирање на дозерот
за средство за плакнење.
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режимот за поставување.
3. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C.
Програмските показни светла над
функциските копчиња A, B и C
почнуваат да трепкаат.
4. Притиснете го функциското копче B.
Програмските показни светла над
функциските копчиња А и C се
гасат.
Програмското показно светло над
функциското копче B продолжува
да трепка.
Дигиталното екранче ja покажува
поставката.
electrolux 59
Page view 58
1 2 ... 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 ... 91 92

Comments to this Manuals

No comments