Electrolux EWB105205W User Manual Page 12

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 11
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Внимателно прочитајте ги следниве точки
пред да го инсталирате и да го користите
апаратот. Чувајте го упатството со апаратот.
Општа безбедност
Не менувајте го и не обидувајте се да го
видоизмените апаратот. Така може да се
доведете во опасност.
Внимавајте сите парички, безопасни,
брошови, шрафови и слично да се
извадени пред да почнете програма за
перење. Ако се остават, може сериозно да
го оштетат апаратот.
Употребувајте ја препорачаната количина
детергент.
Ставајте ги малите предмети заедно
(чорапи, каиши итн.) во мала платнена
вреќа или во навлака за перница.
Откачете ја и затворете ја славината за
доводното црево по употребата на
апаратот.
Секогаш извлекувајте го од струја
штекерот на апаратот пред чистење или
одржување.
Не перете во машина алишта со ленти, со
непорабен или од искинат материјал.
Инсталирање
Распакувајте го апаратот или замолете да
ви го распакуваат веднаш штом ќе го
донесат. Проверете да не е оштетена
надворешноста на апаратот. Пријавете ги
сите оштетувања од транспортот кај
Вашиот продавач.
Отстранете ги сите транспортни клинови и
сета амбалажа пред инсталирање на
апаратот.
Приклучувањето на водата мора да го
изврши квалификуван водоводџија.
Ако вашата домашна електрична
инсталација треба да се приспособи за да
може да се приклучи апаратот, викнете
квалификуван електричар.
Внимавајте, по инсталирањето, кабелот за
струја да не е вклештен под апаратот.
Ако апаратот се инсталира на под со
тепих, внимавајте тепихот да не ги
попречува отворите за вентилација на
долниот дел.
Апаратот мора да е опремен со прописен
заземјен штекер.
Пред да го приклучите апаратот во
електричната мрежа, внимателно
прочитајте ги упатствата во поглавјето
насловено "Поврзување на електриката".
Кабелот за струја треба да го менува само
овластен сервисен техничар.
Производителот не одговара за
оштетувања произлезени од неправилно
инсталирање.
Мерки против замрзнување
Ако е апаратот изложен на температури под
0°C, треба да се преземат следниве мерки:
Затворете ја славината и откачете го
доводното црево.
Ставете ги краевите на доводното и на
одводното црево во леген на подот.
Одберете ја програмата за црпење и
оставете ја да сврти цел циклус.
Исклучете го апаратот од струја со вртење
на програматорот на "Stop"
.
Извлечете го штекерот на апаратот.
Заменете ги одводното и доводното црево.
На тој начин, водата што преостанала во
цревата ќе се исцеди, со што ќе се избегне
формирање мраз што може да го оштети
вашиот апарат.
Пред повторно да го вклучите апаратот,
внимавајте да го инсталирате во просторија
каде што температурата нема да падне под
нулата.
Користење
Апаратот е наменет за нормална домашна
употреба. Не користете го апаратот за
комерцијални или индустриски цели, ни за
нешто друго освен она за што е
конструиран.
Пред перењето погледнете ги упатствата
на етикетата на секое парче.
Не ставајте во машината алишта од кои
претходно сте ги отстраниле дамките со
бензин, алкохол, трихлоретилен итн. Ако
сте користеле такви средства за
отстранување дамки, почекајте тие да
испарат пред да ги ставите алиштата во
барабанот.
Испразнете ги џебовите и исправете ги
алиштата.
Овој апарат не е наменет да го користат
лица (вклучувајќи ги и децата) со
намалени физички, сетилни или ментални
способности, или лица без искуство и
знаење, освен ако немаат надзор и
упатување за користење на уредот од
страна на лицето кое е одговорно за
нивната безбедност.
12 electrolux
Page view 11
1 2 ... 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments