Electrolux EWG14550W User Manual Page 6

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 5
3 Копче за намалување на
центрифугата
4 Копче за лесно пеглање
5 Копче за дополнително плакнење
6 Копче за одложено почнување
7 Екран
8 Копче старт/пауза
9 Контролна сијаличка за
заклучена врата
10 Копчиња за управување со
времето
Тркалце на програматорот
Овозможува вклучување и исклучување
на апаратот, како и одбирање
програми.
Температура
Ова копче ви овозможува да ја
зголемите или намалите температурата
на перење.
Намалување центрифуга
Со притискање на ова копче може да ја
смените брзината на
центрифугирањето на одбраната
програма или да ги одберете опциите
Задржано плакнење или Без
центрифуга.
Без центрифуга
Со избирање на оваа опција се
спречуваат сите фази на
центрифугирање и се заменуваат со
цедење, за да не се истуткаат
алиштата. Се препорачува за многу
чувствителни ткаенини. За некои
програми плакнењата ќе се извршат со
повеќе вода.
Задржано плакнење
Со одбирање на оваа функција водата
од последното плакнење не се црпи за
да се спречи туткање на ткаенините.
Пред да ја отворите вратата, неопходно
е да се испушти водата. За да ја
испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Лесно пеглање
Со избирање на оваа опција, алиштата
нежно се перат и се центрифугираат за
да се избегне секакво туткање. На тој
начин пеглањето е
полесно. Згора на
тоа, кај некои програми машината ќе
изведе и дополнителни плакнења. Кај
програмите за памук, максималната
брзина на центрифугирање се
намалува автоматски.
Дополнително плакнење
Апаратот е конструиран да штеди
енергија. Ако е потребно плакнење на
алиштата со дополнително количество
вода (дополнително плакнење),
изберете ја таа опција. Ќе се извршат
неколку дополнителни плакнења. Оваа
опција
се препорачува за лица
алергични на детергенти, како и за
подрачја со многу мека вода.
Одложен старт
Со ова копче, програмата може да се
одложи за 30 мин - 60 мин - 90 мин, 2
часа, па потоа по 1 час се до максимум
од 20 часа.
Старт пауза
Ова копче ви овозможува да ја
стартувате или да ја прекинете
избраната програма.
Временски
управувач
Овие копчиња ви овозможуваат да го
менувате траењето на програмата.
Контролна сијалица за заклучена
врата
Контролната сијалица 9 се пали кога ќе
стартува програмата и укажува дали
вратата може да се отвори:
свети: вратата не може да се отвори.
Машината работи или престанала да
работи, но има вода во кадата.
не свети
: вратата може да се отвори.
Програмата завршила или водата е
исцрпена.
светлото трепка: вратата се отвора
6 electrolux
Page view 5
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments