Electrolux EWS126540W User Manual Page 12

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 11
соодветната зелена контролна сијалица
ќе почне да трепка.
Повторно притиснете го копчето за да ја
одново да ја стартувате програмата.
Откажување програма
Свртете го тркалцето на програматорот
на
за да ја откажете пуштената
програма.
Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата
Откако програмата ќе почне (или во
текот на одложеното време) вратата е
заклучена, а ако сакате да ја отворите,
прво ставете ја машината на ПАУЗА со
притискање на копчето 8 .
Ако иконата 2.8 ќе се изгуби по неколку
минути, вратата може да се отвори.
Ако иконата 2,8 не се гаси, тоа значи
дека машината веќе загрева или дека
нивото на водата е премногу високо. Не
обидувајте се на сила да ја отворите
вратата!
Ако не можете да ја отворите вратата, а
ви треба да ја отворите, ќе мора да ја
исклучите машината со вртење на
програматорот на
. По неколку
минути, вратата може да се отвори
(обратете внимание на нивото и
температурата на водата !) .
Откако ќе ја затворите вратата, одново
ќе треба да ги поставите програмата и
другите опции и да го притиснете
копчето 8 .
Кога програмата ќе заврши
Машината запира автоматски. На
екранот се појавуваат три нули што
трепкаат (
), а контролната
сијалица на копчето 8 се гаси. Некои
звучни сигнали може да се огласат на
неколку минути.
Ако е избрана опција или програма што
завршува со вода во кадата, иконата
2.8 останува прикажана за да укаже дека
водата треба да се испушти, пред да се
отвори вратата.
Постапете на следниов начин за да ја
испуштите водата:
1.
Завртете го програматорот на
.
2. Одберете програма за испуштање
вода или центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање
притискајќи го соодветното копче.
4. Повторно притиснете го копчето 8 .
Кога програмата ќе заврши, иконата 2.8
се губи и вратата може да се отвори.
Завртете го програматорот на
за да ја
исклучите машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
на мувла и непријатни миризби.
Подготвеност : штом ќе заврши
програмата, по неколку минути ќе се
вклучи системот за штедење енергија.
Осветленоста на екранот се намалува.
Апаратот ќе излезе од состојбата за
штедење енергија со притискање на кое
било копче.
Помошни напомени и совети
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
Пред ставање на алиштата
Никогаш не перете заедно бели и
шарени алишта. Белите би можеле да ја
изгубат својата "белина" при перењето.
Новите шарени алишта може да
испуштат боја при првото перење; затоа
треба да се перат одвоено првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите. Заврзете
ги ремените или долгите ленти.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред
перење.
Истријте ги особено извалканите места
со специјален детергент или паста.
12 electrolux
Page view 11
1 2 ... 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments