Одводното црево може да се продолжува до максимум 4 метри. Дополнително
одводно црево и елемент за поврзување можете да набавите во вашиот локален
сервисен центар.
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
АМБАЛАЖА
Материјалите означени со симболот
можат да се рециклираат.
>PE<=полиетилен
>PS<=полистирен
>PP<=полипропилен
Ова значи дека тие може да се
рециклираат со нивно отстранување во
соодветни собирни контејнери.
ЕКОЛОШКИ ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ
За да заштедите вода, струја и да
помогнете во заштита на животната
средина, препорачуваме да ги следите
овие практични совети:
• За да се заштеди детергент, вода и
време, нормално
валканите алишта
можат да се перат и без претперење
(со тоа се штити и животната
средина!).
• Машината работи поекономично ако
е целосно наполнета.
• Со соодветно претходно третирање
може да се отстранат дамките и
валканоста на одредени места;
алиштата тогаш може да се перат на
пониска температура.
• Измерете го детергентот според
тврдостa на
водата, степенот на
валканост и количината на алишта,
што ќе се пере.
36 electrolux
Comments to this Manuals