Electrolux EZB3410AOX User Manual Page 49

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 56
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 48
За чистење на металните површини
употребете специјално средство за
чистење за таа намена.
Внатрешноста на рерната чистете ја
после секоја употреба. Насобирањето
на мрснотии или други остатоци од
храна може да резултира со пожар.
Ризикот е поголем кај тавата со
решетка.
Чистете го целиот прибор после секоја
употреба и оставете го да се исуши.
Користете мека крпа натопена со
топла вода и средство за чистење. Не
чистете го приборот во машината за
миење садови.
Тврдокорната нечистотија исчистете ја
со специјално средство за чистење
печки.
Ако имате нелеплив прибор, не
чистете го со агресивни средства или
остри предмети, ниту пак во машина
за миење садови. Тоа може да
предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
На печката или на стаклените плочи
на вратата може да кондензира влага.
За да ја намалите кондензацијата,
пуштете ја печката да работи 10
минути пред готвење.Исчистете ја
влагата од внатрешноста пред секоја
употреба.
11.2 Печки од не’рѓосувачки
челик или од алуминиум
Чистете ја вратата на печката само со
мокар сунѓер или крпа. Исушете ја со
мека крпа.
Не користете челична жица, киселини
или абразивни материјали, бидејќи тие
можат да ја оштетат површината.
Чистете ја контролната табла на
печката со истите мерки на
претпазливост.
11.3 Чистење на заптивката
на вратата
Вршете редовна проверка на
заптивката на вратата. Заптивката на
вратата е околу рамката на
внатрешноста на печката. Не ја
користете печката ако заптивката на
вратата е оштетена. Контактирајте со
овластен сервис.
За да ја исчистите заптивката на
вратата, видете ги општите
информации за чистењето.
11.4 Држачи на решетки што
се вадат
За да ја исчистите печката, извадете
ги држачите за решетки.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте кога ги вадите
држачите на решетките.
1. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
2. Повлечете го задниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид и извадете го.
2
1
Монтирајте ја извадените додатоци по
обратен редослед.
11.5 Вадење и монтирање на
вратата
Вратата на печката има две плочи од
стакло. За да ја исчистите, можете да
ги извадите вратата на печката и
внатрешната стаклена плоча.
Прочитајте го целосното упатство
„Вадење и монтирање на врата“ пред
да ги извадите стаклените плочи.
МАКЕДОНСКИ 49
Page view 48
1 2 ... 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56

Comments to this Manuals

No comments