
Течен гас
Користете држач за гумено црево за течен
гас. Секогаш користете дихтунг. Потоа
продолжете со поврзувањето на гасот.
Флексибилната цевка е подготвена за
примена кога:
– не може да се загрее повеќе од собна
температура, повисоко од 30°C;
– не е подолга од 1500 мм;
– нема затнувања;
– не е изложена на истегнување или
усукување;
– не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
– може лесно да се прегледа за да се утврди
нејзината состојбата.
Контролата на состојбата на флексибилната
цевка се состои во проверка на следниве
работи:
– да не е напукната, расечена или подгорена
на двата краја и по целата должина;
– материјалот да не е стврднат, туку да е
соодветно еластичен;
– стегите да не се 'рѓосани;
– рокот на траење да не е поминат.
Ако се забележат една или повеќе
неправилности, не поправајте ја цевката, туку
заменете ја.
Кога монтажата е завршена,
проверете дали заптивката на секоја
цевка е соодветна. Употребете
раствор од сапун, не пламен!
8.2 Замена на дизните
1.
Отстранете ги држачите за садови.
2.
Отстранете ги капаците и круните од
пламеникот.
3.
Одвртете ги вбризгувачите со клуч бр. 7
и заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете ја
табелата во поглавјето „Технички
податоци“).
4.
Составете ги деловите следејќи ја истата
процедура по обратен редослед.
5.
Заменете ја плочката со спецификации
(се наоѓа близу цревото за довод на гас)
со онаа за новиот тип за довод на гас.
Плочката ќе ја најдете во пакувањето
испорачано со апаратот.
Ако притисокот за довод на гас е променлив
или различен од потребниот притисок морате
да наместите применлив прилагодувач за
притисок на цревото за довод на гас.
8.3 Прилагодување на
минималното ниво
За регулирање на минималното ниво на
пламениците:
1.
Запалете го пламеникот.
2.
Свртете го копчето на минималната
положба.
3.
Извадете го копчето.
4.
Со тенок штрафцигер прилагодете ја
позицијата на штрафот за премостување.
A
A)
Штраф за премостување
• Ако се префрлате од природен гас G20 од
20 mbar на течен гас, затегнете го штрафот
за регулирање целосно.
• Ако се префрлате од течен гас на
природен гас G20 од 20 mbar, одвртете го
штрафот за премостување за околу 1/4
вртење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Проверете дали пламенот се гасне
кога брзо ќе го свртите копчето од
максималната во минималната
положба.
8.4 Поврзување на струјата
• Погрижете се номиналниот напон и типот
на струјата наведени на плочката со
спецификации да одговараат на напонот и
струјата на локалната мрежа.
• Овој апарат се испорачува со кабел за
напојување. Треба да биде испорачан со
соодветен приклучок што може да го
издржи оптеретувањето означено на
плочката со спецификации. Внимавајте да
го ставите приклучокот во точниот штекер.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Осигурете се дека приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
40
www.electrolux.com
Comments to this Manuals