
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
• Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
• Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
• Доколку апаратот има уред за безбедност на деца,
ви препорачуваме да го активирате.
• Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
• Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
1.2 Општа безбедност
• Апаратот и неговите достапни делови се
вжештуваат за време на употребата. Не допирајте
ги грејните елементи.
• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
www.electrolux.com18
Comments to this Manuals