Electrolux EHG30235X User Manual Page 4

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 16
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 3
(вид и притисок на гас) одговараат на
регулирањето на апаратот. Условите
за регулирање на апаратот се
наведени на плочката со
спецификации, која се наоѓа во ќесата
со приборот.
Овој апарат не смее да се поврзува на
апарат за одвод на запаливи
производи. Мора да се намести и
поврзе во согласност со тековните
прописи за монтажа. Особено
внимание мора да се посвети на
важечките барања во однос на
вентилацијата.
При употребата на апарати за готвење
на гас се произведува топлина и влага
во просторијата во која се наоѓаат.
Проверете дали во кујната има добра
вентилација: чувајте ги природните
отвори за проветрување отворени или
монтирајте механички уред за
проветрување (механички аспиратор).
Ако апаратот интензивно работи
подолго време, потребна е
дополнителна вентилација (на
пример, да се отвори прозорец или да
се зголеми нивото на механичката
вентилација, каде што ја има).
Внимателно следете ги упатствата за
електрично поврзување. Постои ризик
од повреда од електрична струја.
Клемата е под напон.
Исклучете го напонот од клемата.
Монтирајте го правилно за да
обезбедите заштита од електричен
удар.
Лабави и несоодветни приклучоци за
струја и штекери може да ја прегреат
клемата.
Клемите треба правилно да ги поврзе
квалификуван електричар.
Ослободете го кабелот од напон.
Употребете соодветен кабел за струја
и заменете го оштетениот кабел со
соодветен кабел. Обратете се во
локалниот сервисен центар.
Во електричната инсталација мора да
се обезбеди склопка која ќе овозможи
исклучување на апаратот од струјата
во сите полови, со контактен отвор од
најмалку 3 mm.
Мора да имате соодветни уреди за
изолација: сигурносни склопки,
осигурувачи, (оние што се навртуваат
треба да се извадат од фасонката),
заштитни склопки за преостаната
струја и контактори.
Расходување на апаратот
За да се спречи ризик од телесна
повреда или оштетување
Исклучете го апаратот од струја.
Пресечете го кабелот на местото
каде што се поврзува со апаратот и
фрлете го.
Сплескајте ги надворешните цевки
за гас ако има монтирани.
Разговарајте со локалните
овластени органи за расходување
на вашиот апарат.
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Следниве
упатства за монтажа, поврзување и
одржување мора да ги изведуваат
квалификувани техничари во
согласност со стандардите и
локалните важечки прописи.
Приклучување на гас
Одберете фиксни приклучоци или
користете флексибилно црево
обвиткано со челик што не 'рѓосува, во
согласност со важечките прописи. Ако
користите флексибилни метални црева,
внимавајте да ги допираат подвижните
делови и да не се стиснати. Бидете
внимателни и кога површината за
готвење е споена со рерна.
4 electrolux
Page view 3
1 2 3 4 5 ... 16

Comments to this Manuals

No comments