Electrolux EHG6415X User Manual Page 44

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 88
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 43
Така ќе спречите физичка повреда на
лицата или оштетување на имотот.
Користете само садови за готвење со
дијаметар на дното кое одговара на
димензиите на пламениците. Постои
ризик од прегревање и пукање на
стаклената површина (ако е
применливо).
Не користете тенџере со помал
дијаметар од големината на
пламеникот - пламените ќе ја загреат
рачката на тенџерето.
Садовите не смеат да навлезат во
контролната зона.
Не користете го апаратот како работна
површина или површина за оставање
предмети.
Не користете нестабилни садови за
готвење за да спречите нивно
навалување и несреќа.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства, и/или предмети што може да
се стопат (од пластика или алуминиум)
и/или ткаенини во, блиску до или на
апаратот. Постои опасност од
експлозија или пожар.
Користете го само дополнителниот
прибор испорачан заедно со апаратот.
Внимавајте кога го приклучувате
апаратот на блиските штекери. Не
дозволувајте каблите да дојдат во
допир со апаратот или жешките
садови за готвење. Не оставајте ги
каблите да се заплеткаат.
Информација за акриламидите
ВАЖНО Според најновите научни
сознанија, ако интензивно ја запечувате
храната, особено производите кои
содржат скроб, акриламидите може да
бидат опасни по здравјето. Оттаму
препорачуваме, да готвите на што е
можно пониски температури и премногу
да не ги запечувате јадењата.
Монтажа
Мора да ги прочитате.
Производителот не е одговорен за
каква било повреда на луѓе и
миленичиња или за материјална
штета поради непочитување на овие
барања.
За да ги спречите ризиците од
структурно оштетување или физичка
повреда, монтажата, поврзувањето на
апаратот со електрична струја и
систем за гас, поставувањето и
одржувањето мора да го извршува
само квалификуван персонал во
согласност со стандардите и
локалните законски прописи.
Внимавајте апаратот да не е оштетен
при превозот. Никогаш не поврзувајте
оштетен уред. По потреба,
разговарајте со испорачувачот.
Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини
кои ги исполнуваат стандардите.
Не монтирајте ја површината за
готвење на гас над домашни апарати
ако тие не го дозволуваат тоа.
Монтирајте го апаратот само на
работна површина со рамна
површина.
Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот. Постои
опасност од повреда и оштетување на
апаратот.
Придржувајте се кон законите,
прописите, директивите и нормите кои
важат во земјата на употреба на
апаратот (безбедносни одредби,
одредби за рециклирање, правила за
електрична безбедност итн.).
Одржувајте минимално растојание од
другите апарати и уреди.
Монтирајте заштита од струен удар, на
пример, монтирајте ги фиоките само
ако директно под апаратот има
заштитна плоча.
Спречете оштетување на пресечените
површини на работната површина од
влага со соодветен заптивач.
Спојте ги апаратот со работната плоча
без процепи, со соодветен заптивач.
Спречете оштетување на долната
страна од апаратот од пареа и влага,
на пр. од машина за миење садови или
рерна.
Не монтирајте го апаратот во близина
на врати и под прозорци. Ненадејното
отворање на вратите или прозорците
може да ги прев рти жешките садови од
површината.
44 electrolux
Page view 43
1 2 ... 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 ... 87 88

Comments to this Manuals

No comments