Electrolux EHM6235K User Manual Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 16
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
1
2
2
3
4
1 Крај на вратилото со навртка
2 Дихтунг (дополнителниот дихтунг е
само за Словенија и Турција)
3 Колено
4 Гумен држач за цевка за течен гас
(само за Словенија и Турција)
Поврзување со флексибилни неметални
цевки
Ако можете лесно да го контролирате
поврзувањето во целото подрачје,
можете да користите флексибилна
цевка. Поприцврстете ја флексибилната
цевка со стеги.
Течен гас : употребете го гумениот
држач за цевка. Секогаш ставајте го
дихтунгот. Потоа поврзете го гасот.
Флексибилната цевка е погодна за
користење кога:
никаде не доаѓа во допир со
температура поголема собната,
повисока од 30°C;
не е подолго од 1.500 mm;
нема затнувања;
не е изложено на истегнување или
усукување;
не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
може лесно да се прегледа за да се
утврди состојбата.
Контролата на состојбата на
флексибилното црево се состои во
проверка на следниве работи:
да не е напукнато, расечено или
подгорено, како на краевите така и по
целата должина;
материјалот да не е стврднат, туку да
е соодветно еластичен;
стегите да не се 'рѓосани;
да не е поминат рокот на траење.
Ако забележите еден или повеќе
дефекти, не поправајте го цревото, туку
заменете го.
ВАЖНО Кога ќе завршите со
инсталацијата, уверете се дека
дихтунгот на секоја спојка на цевката е
во ред. Употребете сапуница, а не
пламен !
Замена на дизните
1. Отстранете ги држачите за садови.
2. Отстранете ги капите и круните од
пламениците.
3. Одвртете ги дизните со клуч бр.7 и
заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете
ја табелата во поглавјето Технички
податоци).
4. Составете ги деловите, следејќи ја
истата постапка по обратен
редослед.
5. Заменете ја плочката со
спецификации (сместена близу до
цревото за довод на гас) со плочка
која одговара на новиот вид довод на
гас. Етикетата ќе ја најдете во
пакувањето со дизни испорачани со
апаратот.
Ако притисокот на доводот на гасот е
променлив или се разликува од
потребниот притисок, прво мора да
монтирате соодветен регулатор на
цревото за довод на гас.
Прилагодување на минимално ниво
За прилагодување на минималното ниво
на пламениците:
1. Запалете го пламеникот.
2. Свртете го копчето на минималната
положба.
3. Извадете го контролното копче.
4. Со тенок шрафцигер, прилагодете ја
позицијата на завртката за
премостување. Ако преминете од
природен гас со 20 mbar (или
electrolux 5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 15 16

Comments to this Manuals

No comments