Electrolux EOB5454AAX User Manual Page 44

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 64
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 43
9. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
Температурата и
времињата на печење во
табелите се дадени само
како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките
што се употребуваат.
9.1 Внатрешна страна на
вратата
Кај некои модели, на внатрешната
страна на вратата можете да ги
најдете:
броевите на позиции на решетката.
информации за функциите на
греење, препорачаните нивоа на
решетките и температурите за
вообичаени јадења.
9.2 Општи информации
Апаратот има пет позиции на
решетката. Бројте ги нивоата на
решетките од долниот дел на
апаратот.
Апаратот е опремен со специјален
систем кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на
пареата. Со овој систем може да
готвите во опкружување со пареа,
со што јадењата ќе останат сочни
одвнатре, а крцкави однадвор. Тоа
ги намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на
минимум.
На апаратот или на стаклените
плочи на вратата може да
кондензира влага. Тоа е нормално.
Додека готвите, секогаш стојте
подалеку од апаратот кога ја
отворате вратата. За да ја
намалите кондензацијата, загрејте
го апаратот околу 10 минути пред
готвењето.
Избришете ја влагата по секоја
употреба на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги
предметите директно на дното на
апаратот и не покривајте кој било
дел со алуминиумска фолија. Тоа
може да влијае на резултатите на
печењето и да го оштети емајлот.
9.3 Печење колачи
Не отворајте ја вратата на печката
пред да поминат 3/4 од времето за
печење.
Ако користите два плеха за печење
истовремено, оставете го нивото
помеѓу нив празно.
9.4 Готвење месо и риба
Користете длабока тава за многу
мрсна храна за да спречите појава
на трајни дамки во печката.
Оставете го месото да постои околу
15 минути пред да го сечете за да
не му истечат соковите.
За да спречете појава на многу чад
во печката за време на печењето
месо, додадете малку вода во
длабоката тава. За спречување на
кондензација на чад, додадете
вода секогаш кога истата ќе се
исуши.
9.5 Времетраење на
готвењето
Времетраењето на готвењето зависи
од видот на храна, нејзината густина и
зафатнина.
На почеток, следете го работењето на
рерната кога готвите. Најдете ги
најдобрите поставки (температура,
време на готвење итн.) за вашите
садови, рецепти и количества кога го
користите овој апарат.
www.electrolux.com44
Page view 43
1 2 ... 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 ... 63 64

Comments to this Manuals

No comments