Electrolux EOC5851AOX Recipe Book Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
Метод:
Омекнете ги сливите во бело вино околу 2
часа. Исплакнете го кратко месото со вода,
потоа исушете го. Исечете засеци во долната
страна на месото и забодете слива во секој
засек туркајќи ги колку што може да одат во
месото. Зачинете го месото и ставете го во
плех за печење со страната без сливи
свртена нагоре. Излупете го кромидот и
јаболкото, исечете ги на осминки и ставете ги
околу печењето. Дополнете го остатокот од
виното во кое се киснаа сливите до четвртина
литар со вода и сипете го врз печењето.
Гарнир што одговара се крокети, потпечен
компир, брокула или слично.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво во рерната: 1
ГОВЕДСКО/ДИВЕЧ/ЈАГНЕШКО
Печено говедско месо
Поставки:
Автоматска сонда за месо. Температура во
средината за:
Полуживо - 48°C
Средно - 65°C
Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете ја
сондата за месо и ставете го во огноотпорен
сад.
Ниво во рерната: 1
Скандинавско говедско
Поставки:
Автоматска сонда за месо. Температура во
средината за:
Полуживо - 50°C
Средно - 65°C
Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете ја
сондата за месо и ставете го во огноотпорен
сад.
Ниво во рерната: 1
Динстано месо
Не користете ја оваа програма за
говедско печено и за јадења
подготвени од плешка.
Поставки:
Автоматско мерење на тежината.
Поставување на опсег на тежината на
јадењето од 1000 до 3000 g.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете го во
огноотпорен сад. Додадете вода или друга
течност; долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 20 mm течност. Покријте
го со капак.
Ниво во рерната: 1
Маринирано говедско
За подготвување на маринадата:
1 l вода
500 ml вински оцет
2 кафени лажички сол
15 зрна црн пипер
15 зрна боровинки
5 ловорови листови
2 снопчиња зеленчук за супа (морков, праз,
целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се оладат.
1,5 kg парче говедско
Истурете ја маринадата врз говедското да
го прекрие и оставете го да се маринира 5
дена.
Состојки за печењето:
•сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
Метод:
Извадете го парчето говедско од маринадата
и исушете го. Зачинете со сол и црн пипер и
запржете го од сите страни во тавче, па
додадете малку супа од зеленчук од
маринадата.
Ставете малку маринада во тавата за
печење. Долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 15 мм течност. Покријте
ја тавата за печење со капак и ставете ја во
апаратот.
Време во апаратот: 150 минути
Ниво: 1
МАКЕДОНСКИ 5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 27 28

Comments to this Manuals

No comments