Electrolux EOC6851AOX User Manual Page 7

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 56
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 6
Стапете во контакт со Овластен
сервисен центар.
Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
упатства на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.6 Чистење со пиролиза
Опасност од повреди /
Пожари / Хемиски
испарувања (гасови) во
режим на пиролиза.
Пред да ја спроведете функцијата
самостојно чистење со пиролиза
или пред првата употреба, од
внатрешноста на рерната извадете
ги следните работи:
сите остатоци од храна, масло
или истурени маснотии /
наслаги.
сите предмети што можат да се
извадат (вклучително
решетките, страничните шини
итн., обезбедени со
производот), особено
нелепливите тенџериња,
тавите, тацните, приборот итн.
Внимателно прочитајте ги
упатствата за чистење со пиролиза.
Чувајте ги децата подалеку од
апаратот додека се одвива
чистењето со пиролиза.
Апаратот станува многу жежок и
испушта жежок воздух од предните
вентилатори за ладење.
Чистењето со пиролиза е операција
на висока температура што може
да ослободи испарувања од
остатоците од готвењето и
материјалите на садовите, и затоа
на купувачите им се препорачува
следново:
обезбедете добра вентилација
за време и после секое чистење
со пиролиза.
обезбедете добро
проветрување за време и по
првата употреба при
максимална температура за
работа.
За разлика од луѓето, некои птици и
влекачи може да бидат крајно
чувствителни на потенцијалните
испарувања што се испуштаат за
време на чистењето на сите
пиролитички рерни.
Тргнете ги настрана сите
миленичиња (посебно птици) од
близината на апаратот за време
и после чистење со пиролиза и
при првата употреба при
максимална температура и
сместете ги во добро
проветрена просторија.
Малите домашни животни можат
исто така да бидат многу
чувствителни на локалните
промени во температурата во
близина на сите пиролитички рерни
кога работи пиролитичката
програма за самочистење.
Нелепливите површини на
тенџерињата, тавите, тацните,
приборот и сл. може да се оштетат
од пиролитичкото чистење на
висока температура кај сите
пиролитички рерни и можат да
бидат и извор на испарувања со
мала штетност.
Испарувањата што ги испуштаат
сите пиролитички рерни / остатоци
од готвење се опишани како
нештетни за луѓето, вклучително и
за мали деца или лица со хронични
болести.
2.7 Внатрешна светилка
Видот на светилката или на
халогената лампа која се користи
за овој апарат е само за употреба
во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
МАКЕДОНСКИ 7
Page view 6
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 ... 55 56

Comments to this Manuals

No comments