Electrolux ESF2400OW User Manual Page 35

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 60
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 34
8. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
8.1 Одржување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред одржувањето,
исклучете го апаратот и
откачете го кабелот од
штекерот за струја.
ВНИМАНИЕ!
Не користете го апаратот
без филтри.
Проверете дали филтрите
се правилно поставени.
Неправилната положба на
филтрите може да
предизвика лоши
резултати при миењето и
може да го оштети
апаратот.
Валканите филтри и
затнатата прскалка може
да ги намалат резултатите
од миењето. Проверете ги
и, ако е потребно,
исчистете ги филтрите.
8.2 Вадење и чистење на
филтрите
Филтерот се состои од три дела.
A. Груб Филтер
B. Фин Филтер
C. Главен филтер
A
B
C
1. Свртете го финиот филтер (B)
налево и извадете го комплетот за
филтри.
2. Извадете го грубиот филтер (A) со
вадење од финиот филтер (B).
3. Целосно измијте ги филтрите со
вода и четка.
4. Вратете го грубиот филтер (A) во
финиот филтер (B).
5. Ставете го комплетот за филтри во
коритото и вртете го финиот
филтер (B) надесно се додека не
се затвори.
8.3 Чистење на прскалките
Не вадете ги прскалките. Ако
дупчињата на прскалките се затнати,
исчистете ја преостанатата
нечистотија со тенок шилест предмет.
8.4 Чистење на
надворешните површини
Чистете ги надворешните површини
на машината и на контролната табла
со мокра мека крпа.
Користете само неутрални детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи (на
пр. ацетон).
8.5 Заштита од замрзнување
Заштитете го апаратот од мраз, на
пример во зима. По секое сушење:
1. Исклучете го апаратот од
напојувањето со струја.
2. Прекинете го доводот на вода и
откачете ја доводната цевка од
славината.
3. Испуштете ја водата од доводната
цевка и славината.
4. Одново монтирајте ја доводната
цевка на славината.
5. Извадете го филтерот од дното на
кадата и употребете сунѓер за да
ја соберете водата од коритото.
МАКЕДОНСКИ 35
Page view 34
1 2 ... 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 ... 59 60

Comments to this Manuals

No comments