
6. На крајот од програмата се огласува
ѕунење и на екранот се појавуваат
три „ 0.00 “ што трепкаат. Вратата е
заклучена.
Последните 10 минути од циклусот на
сушење одговараат на фазата
против туткање. За ова време
вратата е заклучена, а на екранот
стојат трите нули што трепкаат
„ 0.00 ».
Ако сакате да ја отворите вратата
пред или за време на фазата против
туткање или ако сакате да ја
прекинете, притиснете кое било
копче или завртете го
програматорот на која било
програма (освен O ).
7. Завртете го програматорот на O за да
ја исклучите машината.
8. Извадете ги алиштата.
Автоматско перење и сушење (НОН-
СТОП програма)
За НОН-СТОП програмите се
препорачува тежина на полнењето од 3
kg, за памучни и ленени алишта, и 2 kg,
за синтетички алишта.
Со притискање на копчето за траење
на сушењето може да сушите и до 4
kg памучни алишта (погледнете во
табелата „Програма за сушење“).
ВНИМАНИЕ Не користете уред/
топче за дозирање, кога изведувате
програма на перење и сушење.
1. Полнење алишта.
2. Додајте детергент и омекнувач.
3. Вклучете ја машината со вртење на
бирачот на избраната програма за
перење/ткаенина.
4. Одберете ја саканата опцијата со
притискање на соодветните копчиња.
По можност, не одбирајте брзина на
центрифугирање помала од онаа што
ја предлага уредот за да избегнете
предолго траење на сушењето, со
што ќе заштедите струја.
Во секој случај, намалувањето на
брзината на центрифугирање е
можно откако ќе го одберете
сушењето.
Најниските вредности што можете да
ги изберете, се следниве:
– 900 врт./мин., за памучни и
синтетички алишта со електронско
сушење;
– 900 врт./мин., за памучни алишта, и
700 врт./мин., за ткаенини со
електронско сушење.
5. Одберете го траењето на сушењето
со притискање на копчето 5 . На
екранот се прикажуваат целокупното
траење на перењето и на одбраниот
циклус на сушење.
6. Почнете ја програмата со
притискање на копчето 8 . Откако
програмата ќе почне, преостанатото
време се ажурира секоја минута.
7. На крајот од програмата, завртете го
програматорот во положбата O за да
ја исклучите машината.
8. Извадете ги алиштата.
Помошни напомени и совети
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
Температури
95° или 90°
за нормално валкани бели
памучни и ленени алишта
(на пр. мали чаршафи за
маса, пешкири, чаршафи за
маса, постелнина...)
60°/50°
за нормално валкани делови
од облеката, со постојани
бои (на пр. кошули, ноќници,
пижами...) од памучни или
синтетични влакна и за
лесно валкани бели памучни
(на пр. долна облека)
40°-30°-
студено
за чувствителни предмети
(на пр. мрежести завеси),
мешани алишта, вклучувајќи
ги оние со синтетични и
волнени влакна, кои ја носат
етикетата "чиста нова волна,
се пере во машина, не се
собира"
14 electrolux
Comments to this Manuals