
5. ставете длабок сад на подот и
ставете го крајот од цревото за итно
празнење во него. Извадете го
капачето од него. Водата треба да се
исцеди во садот по слободен пад.
Откако садот ќе се наполни, вратете
го капачето на цревото. Испразнете
го садот. Повторувајте ја постапката
додека водата не престане да тече;
6. доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
7. откако ќе го затворите со капачето,
вратете го цревото за итно празнење
на место;
8. повторно зашрафете ја пумпата и
затворете ја вратичката.
Спречување смрзнување
Ако машината е ставена на место каде
што температурата може да падне под
0°C, постапете вака:
1. затворете ја славината и отшрафете
го цревото за довод на вода до
славината;
2. Ставете го крајот од цревото за итно
празнење и на доводното црево во
длабок сад на подот и пуштете ја
водата да истече;
3. повторно зашрафете го доводното
црево и вратете го на место цревото
за итно празнење откако ќе му го
ставите капачето.
Така се празни сета вода од машината,
со што се избегнува формирање мраз и
евентуално нејзино оштетување.
Кога ќе сакате повторно да ја користите
машината, проверете дали температура
во просторијата е над 0°C.
ВАЖНО Секогаш кога ќе ја испуштите
водата со цревото за итно празнење
мора да истурите 2 литра вода во
главната преграда на фиоката за
детергент, а потоа да ја пуштите
програмата за црпење. Тоа ќе го
активира уредот со вентил ECO што
спречува дел од детергентот да остане
неупотребен при следното перење.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без викање
сервисер. Пред да се обратите во
вашиот локален сервисен центар,
извршете ги следниве проверки.
Додека машината работи, можно е
црвеното светло на копчето 6 да трепка
за да укаже дека машината не работи.
Штом ќе се отстрани проблемот,
притиснете го копчето 6 за да ја почнете
програмата одново. Ако и по сиве овие
проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
Пречка Веројатна причина/Решение
Машината за перење не
стартува:
Вратата не е затворена (копчето 6 црвеното светло трепка).
• Добро затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во приклучницата.
• Вметнете го штекерот во приклучницата.
Во приклучницата нема струја.
• Проверете ја домашната електрична инсталација.
Избил главниот осигурувач.
• Заменете го осигурувачот.
Програматорот не е правилно поставен, а копчето 6 не е
притиснато.
• Завртете го селекторот и повторно притиснете го копчето
6 .
Избрано е одложено почнување.
• Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложеното почнување.
electrolux 45
Comments to this Manuals