Electrolux 47635IP-MN User Manual Page 13

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 12
13
Пред првата употреба, рерната треба да се загрее празна. За тоа време
може да се јави непријатна миризба. Тоа е сосема нормално.
1. Извадете го приборот од рерната.
2. Отстранете ги сите налепници или заштитни фолии, доколку ги има.
3. Загрејте ја рерната со соодветното копче во положба „250“ во траење
од околу 45 мин.
Оваа постапка треба да се повтори со функцијата за скара, во траење од
околу 5-10 минути.
Внимателно исчистете ја керамичката плоча за готвење пред првата
употреба.
Потоа, чистете ја редовно, но само кога е млака или ладна. Избегнувајте
долготрајно загорување на храната или нечистотијата до цврста состојба.
Керамичките површини за готвење се третираат и се чистат на истиот
начин како и стаклените. Никогаш не употребувајте агресивни детергенти
или сунѓери со абразивна површина. Кога за првпат ја користите
керамичката површина за готвење, таа може привремено да испушта
миризба, предизвикана од испарувањето на водата во изолацијата.
Измијте го приборот со благ детергент. Исплакнете и исушете ги
внимателно.
Плочка со податоци
Моделот на вашиот шпорет ќе го најдете на плочката со податоци,
поставена долу напред на рамката од шпоретот, од внатрешната страна.
Шпоретот мора да биде заштитен со осигурувач со соодветен напон или
со прекинувач на колото. Номиналните вредности на шпоретот се
наведени на плочката со ознаката на типот.
За кондензацијата и пареата
Кога храната се загрева, се произведува пареа на истиот начин како во
котел. Вентилациите на рерната овозможуваат дел од оваа пареа да
излезе. Сепак, секогаш стојте подалеку од рерната кога ја отворате
вратата за да овозможите да излезе евентуално насобраната пареа или
топлина.
Доколку пареата дојде во контакт со ладна површина од надворешната
страна на рерната, на пр., некоја лајсна, таа ќе се кондензира и ќе создаде
капки вода. Ова е нормално и не е дефект на рерната.
За да спречите промени во бојата, редовно бришете ги кондензацијата,
како и истуреното, од површините.
Page view 12
1 2 ... 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments