Electrolux 47635IP-MN User Manual Page 15

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 14
15
Осветление на
рерната
Осветлението на рерната се вклучува автоматски за
сите нагодувања. Осветлението можете да го
запалите и кога ниту една од другите функции не е
вклучена..
Контролно копче на термостатот
Со вртење на контролното копче на рерната во десно, ја избирате
температурата на готвење.
Температурите, кои се прикажани тука, се наоѓаат на актуелното
контролно копче.
Избирањето на температурата започнува при 50˚C и во средината на
рерната ќе достигне приближно 250˚C.
Термостатот, кој ја контролира температурата, е варијабилен, така што е
можно да избирате температури помеѓу означените.
Принципот на рерна со струење на воздухот
Горниот и долниот грејач, како и прстенестиот грејач околу вентилаторот,
го загреваат воздухот, кој потоа се шири преку каналите за воздух, на
задниот ѕид од рерната. Жешкиот воздух циркулира во рерната, па потоа
се вовлекува преку решетката од вентилаторот.
Топлината се пренесува брзо и ефикасно, што честопати значи дека
можете да користите пониска температура отколку со горен/долен грејач.
Температурата може да се намали за 15-20%, ако рецептот наведува
температура помеѓу 160ºC и 225ºC. Колку е повисока температурата, повеќе
може да се намали. За температура над 225ºC, подобро е да се користи
горен/долен грејач. Максималното нагодување е особено погодно за
печење скара.
Практична примена
Никогаш не ставајте алуминиумска фолија, плехови или садови за
печење директно на дното од рерната. Блокирањето на топлината од
дното на рерната може поради прегревање да го оштети емајлот. При
употреба, рерната станува многу жешка: ДЕЦАТА, ШТО СЕ НАОЃААТ
ВО БЛИЗИНА, МОРА ДА СЕ НАДГЛЕДУВААТ.
Плехот за печење може привремено да се деформира поради промени во
температурата или кога храната (пица, итн.) не е рамномерно
распоредена по неговата површина. Кога ќе се излади, плехот го враќа
својот облик. Како ќе знаете, која од функциите на рерната да ја користите
во различни ситуации? Погледнете ги подолу наведените практични
совети за ефикасно користење на функциите на рерната, за разни начини
на готвење:
Page view 14
1 2 ... 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments