Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 16
Опис на производот 19
Пред првата употреба 19
Плоча за готвење - Секојдневна
употреба 20
Печка - Секојдневна употреба 20
Плоча за готвење - Совети и препораки
21
Печка - Совети и препораки 21
Табела за готвење 22
Плоча за готвење - Одржување и
чистење 25
Печка - Одржување и чистење 25
Што да сторите ако... 28
Монтажа 28
Отстранување 29
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
За безбедно и правилно ракување,
внимателно прочитајте го ова упатство
пред да го наместите и користите
апаратот. Секогаш чувајте го упатството
со апаратот, дури и ако го преместите
или продадете. Корисниците мора да
бидат целосно запознаени со работа и
безбедносните опции на апаратот.
Производителот не одговара за
оштетувања предизвикани од
неправилно местење и употреба.
Безбедност на децата и помалку
вештите лица
• Апаратот може да го користат деца од
8 години нагоре и лица со намалени
физички, сетилни или ментални
способности, или што немаат искуство
и знаење, ако се под надзор или се
упатени за користење на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат
опасностите. Деца не смеат да си
играат со апаратот.
• Чувајте ги сите материјали за
пакување далеку од децата. Постои
опасност од задушување.
• Држете ги децата подалеку од
апаратот. Постои опасност од повреда
или друг траен инвалидитет.
• Ако апаратот има Брава за
вклучувањето или Заклучување на
копчињата, користете ги. Тоа спречува
случајна употреба на апаратот од
страна на деца и галеничиња.
Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот. Постои
опасност од повреди или оштетување
на апаратот.
• Отстранете ги сета амбалажа, етикети
и слоеви од апаратот пред првата
употреба.
• Исклучувајте ги ринглите по секоја
употреба.
Употреба
• Апаратот е конструиран само за
готвење во домашни услови.
• Не користете го апаратот како работна
површина или површина за оставање
предмети.
• Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи. Во случај на пожар,
исклучете го апаратот. Изгаснете го
огнот со капак од сад, никогаш со
вода.
• Опасност од изгореници! Не ставајте
метални предмети, на пр. капаци на
садови за готвење и тави, на
површината за готвење, бидејќи може
да се вжештат.
• Ако на плочата за готвење падне
предмет или сад за готвење,
површината може да се оштети.
• Садовите за готвење од лиено железо,
лиен алуминиум или со оштетено дно
може да ја изгребат плочата за
готвење ако ги влечете преку неа.
16 electrolux
Comments to this Manuals