Electrolux ESL66010 User Manual Page 61

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 88
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 60
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте
приклучникот за струја да е изваден
од штекерот за време на местењето.
ВАЖНО Следете ги упатствата од
приложениот план за:
Вградување на апаратот.
Местење на кујнската плоча.
Поврзување со доводот и одводот на
вода.
Наместете го апаратот под работна маса
(кујнска работна маса или лавабо)
Ако е потребно сервисирање, апаратот
мора да е лесно достапен за техничарот.
Ставете го апаратот до славина и одвод
за вода.
За проветрување на машината за садови
потребни се само отвори за доводот и
одводот за вода и за кабелот за струја.
Машината за садови има прилагодливи
ногарки за регулирање на височината.
Кога ја местите машината, внимавајте
доводното и одводното црево и кабелот
за струја да не се превиткани или
смачкани.
Прицврстување на апаратот за
соседните елементи
Внимавајте работната маса под која го
прицврстувате апаратот да има
безбедна структура (соседни кујнски
елементи, плакари, ѕид).
Нивелирање на апаратот
Внимавајте апаратот да е нивелиран за
да може вратата да се затвора добро.
Ако нивелирањето на апаратот е
правилно, вратата нема да закачува
ниедна од страните на плакарот. Ако
вратата не се затвора правилно,
олабавувајте ги или стегајте ги
ногарките додека машината не се
изнивелира.
Поврзување на водата
Доводно црево
Приклучете го апаратот со довод на
топла (макс. 60°) или студена вода.
Ако топлата вода доаѓа од алтернативни
извори на енергија што се поеколошки
(на пр. соларни или фотоволтни плочи и
ветерници), користете топла вода за да
ја намалите потрошувачката на
енергија.
Поврзете го доводното црево со славина
со надворешен навој од 3/4 цол.
ВНИМАНИЕ Не користете црева за
поврзување од стар апарат.
Притисокот на водата мора да биде во
рамките на вредностите (видете во
"Технички податоци"). Проверете кај
локалното водостопанство колкав е
просечниот притисок на водоводната
инсталација во вашето подрачје.
Внимавајте доводното црево да не е
свиткано и да не е смачкано или
заплеткано.
Наместете ја контраматицата правилно
за да се избегне протекување на водата.
ВНИМАНИЕ Не поврзувајте го
апаратот со нови или со цевки што
долго не се користеле. Оставете
водата да тече неколку минути, па
потоа поврзете го доводното црево.
Доводното црево е со двојна обвивка и
има внатрешен кабел за струја и
безбедносен вентил. Доводното црево е
под притисок само додека тече вода. Ако
доводното црево протекува,
безбедносниот вентил ја сопира водата
што тече.
Внимавајте кога го поврзувате
доводното црево:
Не ставајте ги доводното црево и
безбедносниот вентил во вода.
electrolux 61
Page view 60
1 2 ... 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 ... 87 88

Comments to this Manuals

No comments