Electrolux ESL66010 User Manual Page 62

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 88
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 61
Доколку доводното црево или
безбедносниот вентил се оштетени,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја.
Доводното црево со безбедносен
вентил може да го заменува само
сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен напон
Одводно црево
1. Поврзете го одводното црево со
одвод за вода под лавабо и закачете
го под работната површина. Тоа ќе
спречи влегување на отпадната вода
од лавабото во апаратот.
2. Поврзете го одводното црево со
исправена цевка со дупка за
вентилација (минимален внатрешен
пречник од 4 см).
Поврзувањето за отпадна вода мора да
биде на максимална височина од 60 см
од дното на апаратот.
Внимавајте одводното црево да не е
свиткано или смачкано, инаку водата
нема да се испушта правилно.
Извадете го приклучникот на лавабото
кога апаратот испушта вода за да
спречите враќање на водата во
апаратот.
Вкупната должина на одводното црево,
заедно со продолжетокот, не смее да
биде поголема од 4 м. Внатрешниот
пречник не смее да биде помал од
пречникот на цревото.
Ако го поврзувате одводното црево со
одвод за вода под лавабо, извадете ја
пластичната мембрана (А). Ако не ја
извадите мембраната, преостанатата
храна може да го блокира приклучникот
на одводното црево.
Апаратот има безбедносна функција
за да се спречи враќање на
валканата вода во апаратот. Ако
приклучникот на лавабото има
неповратен вентил, тој може да
предизвика неправилно испуштање
вода на апаратот. Извадете го
неповратниот вентил.
ВНИМАНИЕ Проверете дали
споевите се стегнати за да не
истекува вода.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Производителот не одговара ако не
ги следите овие безбедносни мерки.
Вземјете го апаратот според
безбедносните мерки.
62 electrolux
Page view 61
1 2 ... 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 ... 87 88

Comments to this Manuals

No comments