Electrolux EHL7640FOK User Manual Page 13

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 60
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 12
5.1 Садови за готвење
Кај индукциските рингли се
создава силно електро-
магнетно поле кое многу
брзо создава топлина во
садот.
Користете ги индукциските
рингли со соодветни
садови за готвење.
Материјал за садови за готвење
правилно: лиено железо, челик,
емајлиран челик, не’рѓосувачки
челик, дно направено од повеќе
слоеви (со правилна ознака од
производителот).
неправилно: алуминиум, бакар,
бронза, стакло, керамика,
порцелан.
Правилни садови за готвење за
индукциска површина за готвење се
ако:
мала количина вода врие многу
брзо на рингла поставена на
највисока јачина на топлината.
магнетот го привлекува дното на
садот.
Дното на садовите за
готвење треба да биде
колку што е можно
подебело и порамно.
Димензии на садовите за готвење
Индукциските рингли автоматски се
приспособуваат на димензиите на
дното на садовите за готвење, до
одредена граница.
Ефикасноста на ринглата е поврзана
со дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со дијаметар којшто
е помал од минималниот добива само
дел од енергијата што ја испушта
ринглата.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
5.2 Звуци во текот на
работата
Ако слушате:
звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и
садовите за готвење се направени
од различни материјали (сендвич
конструкција).
ѕунење: користите високо
енергетско ниво.
кликање: се јавува електрично
прекинување.
сиктење, бруење: работи
вентилаторот.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност на површината за
готвење.
5.3 Штедење енергија
Ако е можно, секогаш ставајте
капак на садот за готвење.
Садовите за готвење треба да се
ставаат на ринглата пред
вклучувањето.
Користете ја преостаната топлина
за да ја зачувата храната топла или
да ја стопите.
5.4 Öko Timer (Еко тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се
огласи програматорот за одбројување.
Разликата во времето на работа
зависи од нивото на поставената
топлина и должината на готвењето.
5.5 Примери на апликации за
готвење
Односот меѓу јачината на топлината и
потрошувачката на струја на ринглата
не е линеарен. Кога ја зголемувате
јачината на топлината,
потрошувачката на струја на ринглата
не се зголемува пропорционално. Тоа
значи дека рингла поставена на
средна јачина на топлина користи
помалку од половина од моќноста.
Податоците во табелата се
само препорака.
МАКЕДОНСКИ 13
Page view 12
1 2 ... 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 ... 59 60

Comments to this Manuals

No comments