Electrolux EMS30400OX User Manual Page 23

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 40
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 22
Ова барање не е применливо ако производителот
ја специфицира големината и обликот на метални
садови кои се погодни за готвење со
микробранови.
Користете само садови што се погодни за
употреба во микробранови рерни.
Кога загревате храна во пластични или хартиени
садови, внимавајте на апаратот поради можноста
од нивно палење.
Апаратот е наменет за загревање храна и
пијалаци. Сушење храна или облека и загревање
перничиња за греење, топлинки, сунѓери, влажни
крпи и слично може да доведе до ризик од
повреда, потпалување или пожар.
Ако забележите чад, исклучете го апаратот или
откачете го од струја и оставете ја вратата
затворена за да се задуши евентуалниот пламен.
Загревањето пијалаци со микробранови може да
резултира со задоцнето зовривање со
претекување. Внимавајте кога ракувате со садот.
Содржината на шишињата за бебиња и теглите со
бебешка храна треба да се промеша или протресе,
а пред хранењето треба да се провери
температурата за да се избегнат изгореници.
Јајца во нивната лушпа и цели тврдо варени јајца
не смеат да се загреваат во апаратот бидејќи
можат да експлодираат, дури и по завршувањето
на загревањето со микробранови.
Апаратот треба редовно да се чисти и да се
отстрануваат сите остатоци од храна.
Доколку апаратот не се одржува чист, може да
дојде до оштетување на површината, што пак
негативно ќе влијае врз работниот век на апаратот
и може да резултира со опасни ситуации.
Температурата на достапните површини може да е
висока кога работи апаратот.
МАКЕДОНСКИ 23
Page view 22
1 ... 22 23 24 ... 40

Comments to this Manuals

No comments