Electrolux ENF2700AOX User Manual Page 60

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 128
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 59
60 www.electrolux.com
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го монтира само
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што
е тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
Почекајте барем 4 часа пред да го
поврзете апаратот со струја. Ова
овозможува маслото да истече назад
во компресорот.
Не монтирајте го апаратот во близина
на радијатори или шпорети, рерна или
површини за готвење.
Задната површина на апаратот мора
да се постави кон ѕидот.
Не монтирајте го апаратот на места
кадешто има директна сончева
светлина.
Не монтирајте го апаратот во места
кои се многу влажни или многу
студени, како на пример во помошни
простории на градилиште, гаражи или
винарски визби.
Кога го преместувате апаратот,
кренете го предниот дел за да
спречите гребење на подот.
2.2 Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од квалификуван
електричар.
Проверете дали податоците за
струјата од плочката со спецификации
одговараат на напојувањето со
електрична енергија. Доколку не се
совпаѓа, контактирајте со електричар.
Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжни кабли.
Внимавајте да не ги оштетите
електричните компоненти (на пр.
приклучокот за струја, кабелот,
компресорот). Контактирајте со
сервисниот центар или со електричар за
да ги смени електричните компоненти.
Кабелот за струја мора да стои под
нивото на приклучокот.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја
е пристапен по монтирањето.
Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучокот за струја.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда,
изгореници, струен удар или
пожар.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Не ставајте електрични апарати (на
пр. уред за правење сладолед) во
апаратот освен ако тоа не е наведено
од страна на производителот.
Внимавајте да не гo оштетите водот
за ладење. Содржи изобутан (R600a),
природен гас со високо ниво на
компатибилност со околината. Овој
гас е запалив.
Ако дојде до оштетување на колото за
ладење, проверете дали има пламен
и извор на оган во просторијата.
Проветрувајте ја просторијата.
Не дозволувајте жешките делови да
ги допираат пластичните делови на
апаратот.
Не ставајте газирани пијалоци во
комората за замрзнување. Ова ќе
создаде притисок во садот со пијалак.
Не чувајте запалив гас и течност во
апаратот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
Не допирајте го компресорот или
кондензаторот. Тие се жешки.
Не вадете ги и не допирајте
ги предметите од комората за
замрзнување ако вашите раце се
водени или влажни.
Не замрзнувајте храна што веќе била
одмрзната.
2. УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Page view 59
1 2 ... 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 ... 127 128

Comments to this Manuals

No comments