Electrolux EOB68200X Recipe Book Page 24

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 23
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во средината.
Пресечете го квасецот, ставете го во
дупката, измешајте го со млекото и со
малку шеќер и брашно од работ,
попрскајте го со брашно, оставете го да
нарасне на топло место додека
брашното попрскано на нараснатиот
квасец не покаже пукнатини.
Ставете го остатокот од шеќерот на
работ на брашното. Сето заедно
изработете го во изедначено тесто со
квасец. Оставете го тестото да нарасне
на топло место додека не стане двапати
поголемо.
За филот, измешајте ги сите состојки
заедно. Поделете го тестото на три
еднакви делови и развлечете ги во долги
правоаголници. Распоредете една
третина од филот на секој правоаголник
и потоа завиткајте ги парчињата тесто.
Направете плетенка од трите парчиња
тесто. Премачкајте ја површината на
плетенката со мешавина на жолчка и
млеко и потоа попрскајте со излупените
бадеми.
Време во рерната: 55 минути
Ниво во рерната: 3
Ring Cake
Состојки за основата:
500 g брашно
1 мало пакетче сув квасец
80 g шеќер во прав
150 g путер
•3 јајца
2 кафени лажички сол
150 ml млако млеко
70 g суво грозје (претходно накиснете
ги 1 час во 20 ml вишновка)
Состојки за глазурата:
50 g цели лупени бадеми
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
шеќерот во прав, путерот, јајцата, солта
и млекото во сад за матење и измесете
изедначено тесто. Покријте го тестото во
садот и оставете го да нарасне 1 час.
Рачно измесете го накиснатото суво
грозје во тестото.
Ставете ги бадемите во секоја празнина
посебно во подмачканиот калап за
куглоф.
Потоа оформето го тестото во форма на
колбас и ставете го во калапот. Покријте
го и оставете да кисне уште 45 минути.
Време во рерната: 60 минути
Ниво во рерната: 1
Savarin Cake
Состојки за тестото:
350 g брашно
1 мало пакетче сув квасец
75 g шеќер
100 g путер
5 жолчки од јајце
1/2 кафена лажичка сол
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 g)
125 ml топло млеко
После печењето:
375 ml вода
200 g шеќер
100 ml сливова ракија или 100 ml ликер
од портокал
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
шеќерот, путерот, жолчките, солта,
ванилиниот шеќер и млекото во сад за
матење и измесете изедначено тесто.
Покријте го тестото во садот и оставете
го да нарасне 1 час. Потоа ставете го
тестото во калап во облик на прстен,
покријте го и оставете го да кисне уште
45 минути.
Време во рерната: 35 минути
Ниво во рерната: 1
После печењето:
Зовријте вода и шеќер и оставете да се
олади.
Додадете сливова ракија или ликер од
портокал во шербетот и измешајте.
Кога ќе се олади колачот, избодете го на
неколку места со дрвено стапче и
оставете колачот еднакво да го впие
шербетот.
Brownies
Состојки:
250 g чоколадо за готвење
250 g путер
375 g шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер (околу 16
g)
1 прстофат сол
5 супени лажици вода
•5 јајца
375 g ореви
24 electrolux
Page view 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments