Electrolux EOB68713X User Manual Page 15

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 24
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 14
потрошувачката на енергија на
минимум.
Влагата може да кондензира во
апаратот или на стаклената врата.
Тоа е нормално. Секогаш стојте
подалеку кога ја отворате вратата од
апаратот додека готвите. За да ја
намалите кондензацијата, загрејте го
апаратот околу 10 минути пред
готвењето.
Избришете ја влагата по секое
користење на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги
предметите директно на дното на
апаратот и не покривајте кој било дел
со алуминиумска фолија. Тоа може
да влијае на резултатите на
печењето и да го оштети емајлот.
Внатрешната страна на вратата
На внатрешната страна од вратата се
наоѓаат бројките на нивоата на
решетките.
Печење колачи
Најдобра температура за печење
колачи е помеѓу 150 °C и 200 °C.
Пред да печете, загрејте ја рерната
околу 10 минути.
Не отворајте ја вратата на рерната
пред да поминат 3/4 од времето за
печење.
Ако користите два плеха за печење
истовремено, оставете го нивото
помеѓу нив празно.
Готвење месо и риба
Не печете парчиња месо помали од 1
кг. Готвењето премали количества го
прави месото премногу суво.
За да постигнете месото убаво да се
запече однадвор, а да остане сочно
однатре, поставете ја температурата
помеѓу 200 °C-250 °C.
За бело месо, живина и риба,
поставете ја температурата помеѓу
150°C-175°C.
Кај многу масна храна користете ја
тавата за капење, за да спречите
дамкосување на рерната, кое може
да биде трајно.
Оставете го месото да постои околу
15 минути пред да го сечете, за да не
му истечат соковите.
За да спречите премногу чадење во
рерната во текот на печењето, сипете
малку вода во тавата за капење. За
да спречите кондензација, додавајте
ја водата откако ќе изврие.
Информации за акриламиди
ВАЖНО Според најновите научни
сознанија, ако ја препечувате храната
(особено онаа што содржи скроб),
акриламидите може да претставуваат
ризик за здравјето. Затоа,
препорачуваме да готвите на најниски
температури и да не ја препечувате
храната премногу.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Видете го
поглавјето „Безбедносни
информации“.
Исчистете го предниот дел на
апаратот со мека крпа натопена во
топла вода со средство за чистење.
За чистите метални површини се
користи обично средство за чистење.
Исчистете ја внатрешноста на
печката по секоја употреба. Така
полесно може да ги отстраните
нечистотиите и тие не загоруваат.
Исчистете ја тврдокорната
нечистотија со специјално средство
за чистење печки.
Исчистете ги сите додатоци за
печката (со мека крпа натопена во
топла вода со средство за чистење)
по секоја употреба и оставете ги да
се исушат.
Ако имате нелепливи додатоци, не
чистете ги со агресивни среддства,
предмети со ости работи или во
машина за миење садови. Така може
да се уништи нелепливиот слој!
Чистење на заптивките на вратата
Вршете редовна проверка на
заптивките на вратата. Заптивката на
вратата е околу рамката на вратата
на рерната. Не го користете апаратот
electrolux 15
Page view 14
1 2 ... 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 ... 23 24

Comments to this Manuals

No comments