Electrolux ERA36633X User Manual Page 64

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 72
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 63
Чистете ги кондензаторот (црната
решетка) и компресорот од задната
страна на апаратот со четка или
правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што
може да ја нагризат или оштетат
пластиката на апаратот. Поради тоа, се
препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла
вода со малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската
преграда секогаш кога моторниот
компресор ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад од задната страна на
апаратот, над моторниот компресор, од
кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на
каналот во фрижидерската преграда за
да се спречи прелевање на водата и
нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален
чистач, што ќе го најдете веќе вметнат
во дупчето за истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот
мраз ќе достигне дебелина од околу 3-5
mm.
За да го отстраните мразот, постапете
на следниов начин:
извлечете го приклучникот од
ѕидниот штекер или исклучете го
апаратот
извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место
извадете ги фиоките на замрзнувачот
ставете изолациски материјал околу
фиоките, на пр. ќебиња или весници.
Одмрзнувањето може да се забрза со
ставање садови со топла вода (не што
врие) во фрижидерот.
Ослободете го одводниот канал од
положбата, притиснете го како на
сликата и ставете го во најдолната
фиока на замрзнувачот каде што
може да се собира водата.
внимателно изгребете го мразот кога
ќе почне да се топи. Користете дрвен
или пластичен гребач.
кога ќе се стопи целиот мраз,
исчистете ја и избришете ја целата
внатрешност со сува крпа, па вратете
го одводниот канал на место.
64 electrolux
Page view 63
1 2 ... 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72

Comments to this Manuals

No comments