Electrolux ESF65030W User Manual Page 44

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 100
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 43
1 Легенда на програмите
2 Програматор
3 Копче почни/прекини (Start Cancel)
4 Копче за комбинирани таблети (Multitab)
5 Копче за одложено почнување (Delay)
6 Дигитално екранче
7 Показни светла
8 Ознака за програмите
9 Положба исклучено
Показни светла
Миење Показното светло за миење свети кога работи фазата на миење или
плакнење.
Сушење Показното светло за сушење свети кога работи фазата на сушење.
Мултитаблети Показното светло за мултитаблети се пали кога е активна
функцијата Multitab.
Сол
1)
Показното светло за сол се пали кога е неопходно да се наполни
садот за сол. Видете во поглавјето "Користење сол за машини за
миење садови".
Откако ќе го наполните садот, показното светло за сол може да
продолжи да свети уште неколку часа. Ова нема несакани влијанија
врз работата на апаратот.
Средство за
плакнење
1)
Показното светло за средство за плакнење се пали кога е неопходно
да се наполни средство за плакнење. Видете во поглавјето
"Користење средство за плакнење".
1) Кога садовите за сол или за средство за плакнење се празни, соодветното показно светло
не се пали додека работи програма за миење.
Програматор
За да го вклучите апаратот или да
поставите програма за миење садови,
свртете го програматорот надесно или
налево. Ознаката за програмите на
програматорот мора да покажува на
еден од програмите на контролната
табла. Ако ознаката за програмите
покажува програма за миење,
дигиталното екранче го покажува
времетраењето на програмата. Ако
ознаката за програмите не покажува
програма за миење, дигиталното
екранче покажува две хоризонтални
црти.
За да го исклучите апаратот, вртете го
програматорот додека ознаката за
програмите не дојде до показното
светло за исклучување.
Користете го програматорот за овие
работи:
Поставување на омекнувачот на вода.
Видете во "Поставување на
омекнувачот на вода".
Деактивирање/активирање на дозерот
за средство за плакнење. Видете во
"Функција Multitab".
Копче почни/прекини
Користете го копчето почни/прекини за
овие работи:
Почнување програма за миење
садови. Видете во поглавјето
"Поставување и почнување програма
за миење садови".
Откажување на тековната програма за
миење. Видете во поглавјето
"Поставување и почнување програма
за миење садови".
Поставување на омекнувачот на вода.
Видете во поглавјето "Поставување на
омекнувачот на вода".
44 electrolux
Page view 43
1 ... 43 44 45 ... 100

Comments to this Manuals

No comments