1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
• Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
• Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
• Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
• Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 8 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
• Работниот притисок на водата (минимум и
максимум) мора да биде меѓу 0,5 bar (0,05 MPa) и
8 bar (0,8 MPa)
• Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
МАКЕДОНСКИ 25
Comments to this Manuals